Quantcast
Channel: Интервјуа ⋆ IT.mk
Viewing all 294 articles
Browse latest View live

Александар Убавков од Мусала Софт: „Постојано инвестираме во развој на идните професионалци“

$
0
0

Disclaimer: IT.mk е медиумски спонзор на MUFFIN Conference 2017.


MUFFIN е годишна конференција, организирана од софтверската компанија Musala Soft. Настанот секоја година има за цел да обедини софтверски инженери, ИТ професионалци и предавачи од сферата на технологии, иновации, трендови, процеси и меки вештини (soft skills).

На тема MUFFIN Conference 2017 зборувавме со Александар Убавков, сајт менаџер во Мусала.

Ова не е прва конференција која ја организирате во Скопје. Како помина и кои се впечатоците од предходната?

Мусала Софт како компанија своето претставување на Македонската IT сцена го оствари преку голем број на конференции, меѓу кои како позначајни можам да ги издвојам Muffin Conference и “Meet the Masters”. Овие конференции беа посетени од околу 500 професионалци, а со растот на компанијата се забележува зголемен интерес за ваков тип на настани во организација на Мусала Софт. Во врска со претходната “Muffin Conference”, посебно задоволство ми претставуваше што публиката беше составена како од истакнати професионалци, така и од студенти што својот кариерен развој го гледаат токму во светот на информационите технологии.

Колку сте задоволни од она што Мусала го има постигнато од канцелариите во Скопје?

Мусала Софт е основана пред 17 години во Бугарија, а на Македонската IT сцена сме присутни околу две години. Во овој краток временски период, со многу труд и работа успеавме да го изградиме брендот на Мусала Софт во Македонија како премиум компанија за софтверски услуги. Успеавме да воведеме нови начини на работење и инволвирање на вработените во градењето на коорпоративната култура. Отворивме можности за кариерен развој во области кои беа нестандардни за македонскиот ИТ пазар, а акутелни на интернационалниот (Cloud and Integration for cloud, Big Data, Analytics, Augmented Intelligence, IoT, Connected World …) за клиенти како IBM, VMware, BMW, Deutsche Telecom како и многу други лидери во индустријата. Ова е нешто кое професионалците го препознаваат, и сакаат да бидат дел од нашиот тим. Токму на ова се должи брзиот и постојан раст на Мусала Софт Македонија.

Во Скопје неодамна прославивте бројка од 100 вработени, кои се вашите планови за во иднина?

Стратешките определби на Мусала Софт се насочени кон експанзија на компанијата во регионот и пошироко. За остварување на зададените цели, Македонија како локација е од есенцијална важност за развојот на компанијата. Според планот за раст компанијата треба да прерасне до 1000 професионалци на глобално ниво до крајот на 2020 година, од кои се планира најмалку 300 да бидат во Македонија. Во моментот успеваме да одржуваме глобален раст од 25% на годишно ниво, и според овие проекции реализацијата на планот 2020 изгледа сосема реално. Операцијата на Мусала Софт во Македонија во моментот брои близу 150 вработени, и очекуваме овие бројки да растат со еднаква динамика.

Како Мусала придонесува кон развој и напредок на ИТ кадарот во државите во кои е застапена?

Работењето на Мусала Софт на секоја од локациите на кои компанијата е застапена е проследено со многубројни активности кои допринесуваат за развојот на ИТ секторот и секако кадарот или човековиот капитал. Како активности со најголемо влијание би ги посочил различниот тип на настани во организација на Мусала Софт меѓу кои најзначаен настан е “Muffin Conference” а тука се и многу други како: “Meet the Masters”,“Beer & Code”, “Beer & QA”… кои се со цел да им овозможат на професионалците во оваа дејност да се запознаат со новите трендови во индустријата како и да споделат искуства. Ние како компанија сме познати и по тоа што доста инвестираме во развој на идните професионалци. Ова го правиме преку интензивна соработка со образовните институции меѓу кои можат да се издвојат: наградување на најуспешните студенти за 2016/2017 акдемска година, отворени позиции за пракса и вработување, гостување и мотивација на студентите на многубројни настани во нивна или организација на образовните установи и многу други спонзорства од различен карактер. Постојат специјален тип на настани кои се во наша организација и се наменети специјално за оваа група т.е. за идните специјалисти. Тука би ги издвоил интернационалните иницијативи на Мусала Софт како: “CodeIT” – интернационален натпревар по компетитивно програмирање, на кој учествуваа 10 претставници на Република Македонија, “eЈОI” – Јуниор Европска Олимпијада по Информатика, каде претставник од Македонија освои трето место и ја спечали бронзената медала. Во Бугарија имаме програма: “Learn from the Masters”, наменета за преквалификација во ИТ… Вложуваме напори оваа традиција да се прошири и во Македонија. Сите овие претходно споменати активности се насочени кон развој на ИТ секторот и општо на ИТ професионалците додека за веќе вработените во компанијата имаме одделни програми кои овозможуваат одлични услови за брз и динамичен кариерен развој. Начинот на кој Мусала Софт ги развива своите вработени е нешто по кое компанијата се разликува од другите и е добро позната. Токму за ова бевме одликувани со престижната награда од Forbеs како број 1 компанија за „развој на човечки ресурси“.

Ќе говорите на тема можности за професионален развој во ИТ индустријата. Кој е патот кој Вие сте го изоделе за да стигнете до таму каде што сте сега?

Професионалниот развој го започнав со стекнување на образование во сферата на информационите технологии, додипломските студии ги завршив на реномиран универзитет во Санкт Петерсбург, Руска Федерација (СПБГУ ИТМО), а продолжив на магистратура во Ахен, Германија (RWTH Aachen). Во текот на мојата досегашна кариера имав задоволство да работам на повеќе позиции карактеристични за една IT компанија. Започнав како софтверски инжинер, по што мојот интерес да ги запознаам сите аспекти од функционирањето на еднa IT компанија резултираше со работа на најразлични позиции од проектен координатор, проектен менаџер, бизнис аналитичар, експерт за развој на бизнис до моменталната позиција како Site Manager на Мусала Софт Македонија. За да се биде успешен во една вака динамична и компетитвна средина неопходен фактор е страста и љубовта спрема професијата.

Што би им советувале на младите кои размислуваат за образование во ИТ индустријата и на студентите кои ја бараат својата прва работа во истата?

Според истражувања и статистики од реномирани компании, дефицитиот на ИТ кадрите во светов е околу 4 милиони, а Македонија е една од земјите со потенцијален развој на квалитетна движечка сила на ИТ кадри – ИТ професионалци. Најпрво би сакал да ги поздравам младите кои размислуваат за образование во ИТ индустријата, затоа што размислуваат во вистинската насока. Доколку пред 80 години беше карактеристична индустриската револуција, можам слободно да кажам дека сега живееме во ера на информациона револуција. Инволвираноста на компјутерите, и софтверот како дел од нив бележи зачудувачки пораст во нашето секојдневие, пораст кој создава потреба од адекватни професионалци кои ќе можат да го следат и поддржуваат, па оттука доаѓа големата побарувачка на кадри. Тенденција која се очекува да продолжи уште долги години. Би сакал на студентите кои ја бараат својата прва работа да им порачам паметно да ја искористат позицијата во која се наоѓаат, и да го направат вистинскиот избор, да одберат компанија која ќе може да им пружи услови за брз и динамичен кариерен равој.

За крај, што може да очекуваме на овогодинешната Muffin конференција?

Годинешнава “Muffin Conference” ќе ја продолжи започнатата традиција и ќе ги опфати најактуелните теми во ИТ индустријата. Особено задоволство за нас во Мусала Софт е гостуванњето на господинот Штефан Кленхардт кој ќе зборува за „Интернет на Нештата“ – “Car IT”и задно со нашиот CEO, господинот Дељан Лилов, и водечките експерти од Мусала Софт, ќе предводат панел дискусија за точката во која се пресретнуваат автомобилската и ИТ индустријата.
Гостите на конференцијата ќе имаат уникатно задоволство да го запознаат нашиот експертски тим и да добијат увид во најактуелните теми од светот на ИТ. Презентациите и панел дискусиите ќе ги опфатат следните области: Cloud and Integration for cloud, Big Data, Analytics, Augmented Intelligence, IoT, Connected World, Soft Skills.
Сакам да им порачам на професионалците од ИТ како и на оние кои размислуваат да зачекорат во овој свет да дојдат на “Muffin Conference” и заедно да поминеме една квалитетна сабота, каде што заеднички ќе зборуваме за она што е ИТ денес и многу поважно, она што ќе биде ИТ утре.

Влезот е бесплатен, со однапред задолжителна регистрација на сајтот. Деталната програма на настанот, како и информација за сите теми и лектори на MUFFIN Conference Skopje 2017 се објавени на официјалниот сајт. Новости за MUFFIN Skopje 2017 и видеа за најавување на лекциите можете да следите на Facebook страната на конференцијата.

The post Александар Убавков од Мусала Софт: „Постојано инвестираме во развој на идните професионалци“ appeared first on IT.mk.


Интервју со Штефан Клајнхард од ESG: „Засега не гледам интерес за потполно автономни возилата“

$
0
0

Паметните возила се иднината на транспортот. Викендов како дел од Muffin конференција во организација на Musala Soft, во Скопје беше г. Штефан Клајнхард од ESG. Ако ESG не ви се познати, возилата на нивниот партнер BMW без сомневање ги знаете.

ESG работи на Е/Е (електорника и електрика) за BMW. На проектите во кои овие две компании се партнери, работат помеѓу 280 и 300 инженери и експерти од ESG Automotive. Колку е важно партнерството со BMW можеби најдобро покажува податокот дека од 450 ИТ-проекти годишно, 300 се за BMW. ESG и Muslala заедно соработуваат и на изработка на софтвер за BMW.

Минатата недела директорот на Nvidia излезе со проценка дека првите автономни автомобили ќе бидат достапни на пазарот за четири години.

Имам одредено мислење за ова. Сметам дека во лабораториите за дизајн и развој технологијата веќе постои. Сепак малку сум претпазлив дали постои интерес. Мора да имаме предвид дека дека, на пример во Германија, но и во останатите држави возачите уживаат во возењето. Да, постојат ситуации во сообраќајот кои се здодевни, како гужвата вo сообраќајот изутрина или попладне, и можам да замислам дека ова може да биде завршено од автономниото возило. Но, ова е повеќе помошен систем, кој помага во вакви, здодевни ситуации.

Кога можете да возите брзо, кога патот е слободен или кога сте на отворено, најголем број од луѓето сакаат самите да возат. Технологијата можеби е тука, но дали има интерес.

Дополнително, тука се и ситуациите на лоши услови на патиштата: снег, магла и слично. Кога има снег на патот сензорите и деткторите не можат да ги идентификуваат сообраќајните знаци и ознаките на патот. Тогаш сите овие сензори ќе потфрлат. Можеби за 10, 15 години друг тип фузија на сензори и сигнали кои ќе доѓаат од инфраструктурата. Но, засега не гледам како, пред се во сложени ситуцаии на патиштата, возилата ќе возат автономно. Ова е моето мислење. Знам дека дел од промоторите на автономните возила, имаат поинаков став, но ако ме прашате мене…

Пред 10, 15  години оваа технологија не изгледаше возможна, што се промени?

Се разбира има многу технологии чиj напредок го овоможија ова, пред се кај сензорите. Сензорите станаа помали и пефикасни. Денес автономното возило е со хаб сензори LiDAR, радар, ултра-сонични, па се до видео камери. Сите овие сензори се интегрирани и додававаат некаква информација. Па ја имаме и вештачката интелигенција, алгоритми кои проценуваат каква е состојбата и која е најдобрата реакција. Сепак најважно е да има добра инфраструктура во позадината. Сите овие сензори ќе функционираат кога ќе бидат поврзани со инфраструктурата. За автомобилите да може да комуницираат еден со друг, потребна е инфраструктура за комуникација.

Може да сметаме дека оваа инфраструктура за комуникација ќе биде инсталирана во големите градови, но што е со руралните предели – повторно ќе имаме возило кое мора да го возат луѓе

Повторувам, можеби сум помалку претпазлив и сомничав, но повторно се враќам на интересот кај корисниците. Каде е примената на автономните возила? Сметам дека многу е поефикасно да се фокусираме на развој на електрични возила. Ова е клучно за контролата на CO2 и загадувањето. Автономните возила за мене се повеќе субјекти на технолошки експерименти.

Може ли  да очекуваме промена на поседувањето, од поседување на возилата кон на автомобилите како сервис?

Ова е тренд. За младите, возилата веќе не се никаков статусен симбол, нема повеќе потреба од ова. Поради сервисите кои овозможуваат споделувања на индивидуален превоз, не постои потреба за поседување на возила. Помислете на огромните суми кои се потребни за овие возила. Идните генерации не можат, но  и не треба да си дозволат да купат возила со вредност помеѓу 60.000 и 80.000 евра, единствено да поседуваат автомобил. Имаат сосем поинакви интереси и си велат: „ Ок, ќе споделувам возило кога ќе ми биде потребно, ако не ми е поребно ќе седи каде што е“. Ова е тренд. Не би се осмелил да предвидам дека во иднина сите кои се богатите ќе поседуваат автономни возила. Мислам дека според трендот ќе има неколку нивоа на споделување на возила со различни нивоа на луксуз. На пример, од основни возила, па се до премиум возила. Поседувањето автомобили нема да биде неопходно.

Некој го спореди поседувањето автомобили во иднина со поседувањето коњи денес

Можеби полека ќе станува хоби. Да, многу ентузијасти купуваат Tesla. Навистина е одличен автомобил, Model S е фантастично возило. Но, не го користам ова возило да одам до работа, го купувам бидејќи сум возач ентузијаст, фасциниран од технологијата. Кога треба да одам до продавница или на работа, го користам автомобилот на сопругата или вториот автомобил. Интересот секако нема да исчезне кај ентузијастите за технологијата. Но, ова е мал процент, најголем дел од корисниците ќе користат сервиси за споделување превоз.

Како ќе влијаат паметните возила на градовите?

За превоз со автономните возила во овие градови и интерконекциите помеѓу градовите постои потреба од огромни центри за технологијата. Без постојана поврзаност со инфраструктурата, автономните возила нема да бидат успешни.

Паметните градови и автономните возила се поврзани?

Видете ги електричните возила. Електричните возила веќе постојат, но зошто луѓето се двоумат дали да купат електрично возило? Причината за ова убеден сум дека е инфраструктурата. Сигурен сум дека ова ќе биде направено, но подобро е да биде направено порано отколку подоцна. Ова е огромна инвестиција и во моментов прашањето е кој ќе го поденесе трошокот. Ова нема да бидат производителите на возила, но мора да има инфраструктура. Политичарите треба да разговараат кој треба да ја изгради оваа инфрструктура.

Дел од прашањата кои беа дел од говорот се однесуваа и на етичките дилеми, но и на правните проблеми и проблемите со безбедноста и приватноста на корисниците. Кој ќе биде одговорен ако протечат податоци на корисниците или ако е хакирано возилото? Можеби поважно, што кога ќе има незгода на патот?

Што кога ќе имаме четврто или пето ниво на автономија, кој ќе биде одговорен кога ќе има незгода? Мислам дека производителите тешко би ја превземале одговорноста

Ова е поради тоа што може да има ужасни незгоди и проблеми за осигурувањето. Во Германија сме на пат да одлучиме за законите што ќе го регулираат ова. Ова е навистина тешко прашање. Поради ова креиравме етичка комисија да дискутира со екпертите за она што треба да направи на пример, кога кога возилото ќе треба да одлучи дали да удри во пензионер или во млада девојка. Ова е одлука која не може да му биде оставена на автономното возило. Мора да постојат правила и насоки кои ќе го овозможат вистинското решeние.

Во овој момент производителите на возилата го решаат проблемот велејќи: „Ве уверуваме дека возилото е второ, трето или петто ниво на автономија, но ако дојде до грешка вие сте возачи и вие сте одговорни за возилото“. Ова решение не е премногу успешно. Зошто би платиле толку пари за возило ако на крај вие сте виновни?  Значи постојано мора да имате контрола врз возилата. Технички е можно возилата да се движат автономно, но корисникот постојано мора да биде сигурен дека возилото се движи во вистинска насока.

Едно од прашањата кои на кратко беа споменати како дел од панел дискусијата е потребата од промена на законската рамка. Доколку ова не се направи набрзо, јазот помеѓу европските и американските производители би можел да биде и поизразен. Иако дел од европските производители како Audi, веќе тестираат трето ниво на автономија.

The post Интервју со Штефан Клајнхард од ESG: „Засега не гледам интерес за потполно автономни возилата“ appeared first on IT.mk.

ИТ настан: Данскиот Valuer сака да ги запознае македонските стартапи и иноватори

$
0
0

Доаѓаме да ги запознаеме македонските иноватори, вели Дејан Расу од данската платформа Valuer.ai. На 23ти ноември, во четврток во Фондот за иновации и технолошки развој, Valuer ќе им презентира на македонските стартапи како платформата може да им помогне да остварат соработки со интернационални партнери.

„Сакаме да го запознаеме локалниот еко-систем, да ги чуеме приказните директно од иноваторите и да им презентираме како може ние да им помогнеме“.

Valuer.ai е AI-базирана платформа која идентификува потенцијални соработки помеѓу големите компании, VC фондовите и иновативните стартапи. Платформата користи контекстуални податоци за стартапите, го следи нивниот развој, и со тоа им го олеснува процесот за компаниите и VC фондовите да можат побрзо да ги препознаат стартапите со потенцијал, објаснува Дејан. Компаниите добиваат детална анализа за стартапите, кои пак добиваат можност да остварат соработки, дури и додека се во рана фаза.

Стартапите во кои Valuer е заинтересен се тие кои: можат да иновираат, се посветени и имаат човечки капитал да ja реализираат својата визија. Се бараат стартапи во разновидни фази на развој, дури и универзитетски тимови кои немаат стартап искуство, но имаат иновативни продукти.

„Присуството на платформата е бесплатно, но тоа што ќе добијат стартапите за возврат е професионална анализа и документација на нивниот продукт, фидбек од експерти и можност да си отворат пат за идни интернационални партнерства“.

Освен дигиталниот пристап на идентификување на потенцијални партнерства, Valuer организира и натпреварувања како Resillence Business Cup, во соработка на Resilience Cities 100, што е дел од Rockafeller организацијата. Ова нaтпреварување ќе биде презентирано и на настанот во Скопје.

Основана во Данска, со тимови низ целиот свет

Valuer.ai е основана во Валје, Данска, од група на стартап експерти и инвестори, но платформата за брзо време се шири со партнери и стартап скаути од целиот свет. Valuer е присутна во Белград од каде доаѓа Дејан, и од неодамна има тим и во Скопје.

„Со данскиот тим се знаеме веќе неколку години, и кога не прашаа да им помогнеме, нормално дека прифативме бидејќи знаевме дека тоа е шанса да го ставиме регионов на глобалната мапа“, вели Дејан. „Многу брзо ни стана јасно дека има еко-систем во регионот што вреди да се култивира за да може да си го исполни потенцијалот“.

Според Дејан, балканскиот регион има талентирани иноватори, иако повеќето стартапи веруваат (и со право!) дека се ограничени поради гео-политичките бариери. Најчесто, вели тој, стартапите го извлекуваат подебелиот крај бидејќи не им се дава шанса да постојат долгорочен план и да му се посветат на развојот на својот иновативен продукт. „Но, се надеваме дека ќе го смениме тоа така што ќе му дадеме вредност на регионалниот еко-систем да најде нов начин како да соработува со глобалните клиенти на Valuer“, вели тој.

Дејан во име на Valuer ги поканува сите стартапи да дојдат на настанот во четврток, 23.11 од 14 до 17 часот, и да научат повеќе за платформата. Сите кои се заинтересирани за процесите на Valuer можат да го пополнат прашалникот во кој можат да ги наведат своите интереси за идни партнерства.

The post ИТ настан: Данскиот Valuer сака да ги запознае македонските стартапи и иноватори appeared first on IT.mk.

InTech X Meets Massive Interactive –Интервју со Филип Елсас, директор и архитект за кориснички интерфејс

$
0
0

Ова интервју е дел од серијалот интервјуа со спикерите кои ќе говорат на настанот InTech X Meets Massive Interactive, кој ќе се одржи на 5-ти декември. Настан на кој ќе се зборува за повеќеплатформскиот кориснички интерфејс и транзицијата од хибриден до нативен, и ќе се разбиваат митовите во однос на .NET развојот и неговата примена во светот на Docker containters, AWS и слично.


На InTech X Meets Massive Interactive своите искуства со присутните ќе ги сподели и Филип Елсас, кој меѓу другото ќе зборува и за сите препреки кои Massive Interactive ги надмина при префрлањето на целосно “native” начин на развивање на кориснички интерфејс.

После многу години работење на краткотрајни проекти со веб агенции, Филип одлучува да се фокусира на развивање на апликации, пришто се приклучува на тимот на Massive Interactive, каде што прераснува во директор за кориснички интерфејс. Тој исто така ќе зборува за тоа колку е важно да се зачуваат сите основи и знаења кога станува збор за менување на „UI Stacks“.

Ја имавме можноста да разговараме со него и да дознаеме нешто повеќе за неговата работа и неговото искуство со UI.

Колку долго сте со Massive Interactive? 

Малку повеќе од 4 години; Сакав да работам на апликации што се важни за луѓето, а не за краткотрајни интерактивни содржини или за е-трговија / финансиски машинерии.

Кои се вашите редовни обврски овде?

Јас сакав (и сакам) да ги испорачам проектите, но како што растеме, сега правам чекор назад и работам на подобрување на нашите практики (квалитет на кодот и повторна употреба, автоматизација…) и обезбедување архитектонски насоки и менторство. Мојата клучна експертиза е веб, но имам познавање и за другите области ;)

Со свои зборови и врз основа на вашето искуство, дефинирајте им на нашите читатели што навистина е UI – кориснички интерфејс, и зошто е важно.

Корисничкиот интерфејс е сè за корисникот! Но, апликацијата не е само она што го гледате на површината: тоа не е само да повлечете и пуштите. Нашите апликации се многу динамични, водени од правила и податоци; и пуштањето на заштитено видео низ уреди е секогаш мало техничко чудо.

Како се развиваше корисничкиот интерфејс овие последни години?

Би рекол дека генерално нашата работа стана побогата и посложена: се менуваат рамки, обрасци, практики, па дури и јазици. Нашите програмери најчесто се фокусираат на една платформа – веб, iOS, Android … не само за да ја совладаат платформа, туку често да ги следат еволуциите и новите технологии, како Docker или Node.JS кои сервираат серверска рендерирана React веб апликација.

Што е стекнато со придвижување кон “native” развој на UI?

На крајот, технологиите како React Native ќе бидат доволно зрели за создавање на кориснички интерфејс со повеќе платформи, но засега веруваме дека најдобрата комбинација на квалитетен кориснички интерјфејс, пријателството и продуктивноста на програмерите се постигнува со native development.

Кои алатки ги користите за развој на UI архитектура?

Освен вообичаените WIKIs, јас сум обожавател на Markdown за сè, дури и создавање дијаграми за проток и секвенца благодарение на Mermaid.

Како Massive Interactive се справува со развојот на модерниот кориснички интерфејс и кој е најголемиот проблем со кој се соочувате на вашиот проект токму сега?

Автоматизацијата е клучна: сите наши алатки се интегрирани заедно, и секоја функција е изградена и распоредена автоматски.
Нашиот предизвик  е да продолжиме да ја зголемуваме и прошируваме нашата автоматизација – треба да се подобриме во однос на автоматско тестирање.

Влезот на настанот е бесплатен и може да го посетите доколку се регистрирате на следниот линк.

The post InTech X Meets Massive Interactive – Интервју со Филип Елсас, директор и архитект за кориснички интерфејс appeared first on IT.mk.

InTech X Meets Massive Interactive –Интервју со Алекс Крупнов, заменик претседател за инженерство

$
0
0

Ова интервју е дел од серијалот интервјуа со спикерите кои ќе говорат на настанот InTech X Meets Massive Interactive, кој ќе се одржи на 5-ти декември. Настан на кој ќе се зборува за повеќеплатформскиот кориснички интерфејс и транзицијата од хибриден до нативен, и ќе се разбиваат митовите во однос на .NET развојот и неговата примена во светот на Docker containters, AWS и слично.


На InTech X Meets Massive Interactive ќе можете да го слушнете и Алекс Крупнов, заменик претседател за инженерство во Massive Interactive. Во минатото има работено како еден од главните инженери во Microsoft и како директор за развој на производи во Kit Digitial.

Крупнов ќе зборува за најважните достигнувања и предизвици на Massive Interactive и неколку успешни приказни за своите корисници. Тој има искуство со системи со високи перформанси, решенија за архитектура на комплексни системи, со фокус на управување со технологија врз база на вештините на секој од тимот.

Сте работеле во огромна компанија како Microsoft, како се споредуваат предизвиците во Microsoft и Massive?

Работите се секако подинамични во Massive. Почнав како софтвер архитект пред 4 години и сигурно можам да кажам дека е многу лесно да се влијае и да се биде успешен тука. Во овој момент поминуваме и низ значителен раст, така што предизвиците стануваат скалабилни и затоа искуството од Microsoft секако, ми помага многу.

Колку долго сте со Massive Interactive? Кои се вашите редовни обврски овде?

Јас сум со Massive околу 4 години. Јас сум одговорен за инженерскиот тим за испорака на услуги од околу 150 луѓе низ Лондон, Прага, Сиднеј и, се разбира, Скопје.

Што работиш ти во Скопје и што всушност прави Massive Interactive?

Нашите проекти се фокусираат исклучиво на развојот на апликации за видео забава, како и UI и облак алатките. Нашата канцеларија во Скопје ги претставува сите струи на нашата работа.

Што се надевате да постигнете овде?

Ние би сакале Македонија да биде еден од нашите приоритетни региони за раст на бизнисот, фокусирајќи се на доведување на локалните таленти.

Што е тоа што го натера Massive Interactive да отвори канцеларија во Скопје, како се споредува со другите локации?

Даша (HR во Massive Interactive): Имаме големо искуство дека Скопје е како скриен дијамант во техничката индустрија. Вработивме неверојатно талентирани и паметни луѓе и тоа нè натера да отвориме канцеларија во Скопје. Исто така, пријатниот и пријателски пристап на локалното население го одзема здивот.

 Кои технологии ги користи Massive во нивниот развој на производи?

Нашиот инженерски тим користи различни технологии за нашите производи и услуги.

UI Stack кој вклучува: Java, Swift, Typescript / Javascript, Haxe. На backend користиме најмногу. NET и Node.Js. Нашиот cloud stack е AWS базиран на класични и “docker” системи.

Во последната година, која алатка имала најголем напредок и била “game changer”?

Видовме дека “docker + kubernetes” почесто се појавуваат за нашите проекти, како и. NET Core.

Според вашето лично мислење, која е најсилната и која е најслабата точка на македонските програмери? Што треба да се промени кај македонската заедница на програмери за понатамошно подобрување?

Верувам дека нашиот македонски тим е исклучително ценет и технички силен. Момците и девојките не се плашат да преземат одговорност и да скокнат во решавање на проблемите. Како мала негатива, оваа страст понекогаш треба правилно да се канализира преку дискусија пред да се спроведе решението!

Влезот на настанот е бесплатен и може да го посетите доколку се регистрирате на следниот линк.

The post InTech X Meets Massive Interactive – Интервју со Алекс Крупнов, заменик претседател за инженерство appeared first on IT.mk.

ИТ Индекс: Netcetera –софтверската компанија која развива и иновира софтвер фокусиран на финансискиот сектор

$
0
0

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

1. Датум кога официјално започнавте со работа:
Netcetera постои од 01.01.1996 година. Во Македонија започнавме со работа под името Пантон на 01.10.2001 г. како дел од Netcetera Group, иако идејата за локалната компанија датира уште порано, истата година кога планот за Пантон беше исцртан на салфетка во еден ресторан во Цирих.

Во 2011 година овие две компании се споија и станаа една.

2. Од кого е основана компанијата?
Во Цирих компанијата има 6 ко-основачи, а Пантон е основана од Netcetera од Цирих и Круме Долненец, Јован Колов и Александар Ников.

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте:
Првата услуга која ја продадовме беше Wemlin. Услуга за автоматско тестирање на веб апликации. Тука некаде беше и ESA Еarth observation.

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
Започнавме со тим од четворица, сите софтверски инженери.

5. Колку вработени сте сега?
Во моментов сме 193 вработени во Македонија, во канцелариите во Скопје и Охрид, а глобално во целата компанија вклучувајќи ги сите локации кои ги имаме (Швајцарија, Германија, Австрија, Обединети Арапски Емирати, Лихтенштајн), броиме вкупно 558 вработени.

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
Специјализираме во развој на софтвер и ИТ операции, пред се фокусирани на финансискиот сектор. Креираме сервиси и продукти од областа на secure payments, мобилно банкарство и финансиски технологии. Специјализирани сме и за 3D secure и го нудиме како сервис.

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Глобално, како ИТ компанија нудиме високо-квалитетни сервиси и продукти, од стратегија до имплементација и одржување. Нудиме балансирана комбинација од state of the art технологии и докажани стандарди, од големи проекти до иновации и стартап проекти.

Во Македонија, како најголем развоен центар на Netcetera, конкуренцијата ја гледаме во другите ИТ компании од аспект на човечки ресурси. На ова поле навистина се разликуваме од останатие. Задоволството на вработените од работната позиција, задачите кои ги добиваат и нивниот третман за нас се приоритет. Нудиме бенефиции што ретко може да се сретнат во другите компании во регионов. Почнувајќи од можностите за професионален развој и напредок во кариерата, пристап и учество во високо-иновативни проекти базирани на нови технологии, до можности за учење и  присуство на разни обуки и настани во целиот свет. Не само на професионално поле, ние се грижиме и за здравјето и среќата на нашите вработени и нивното семејство. Овозможуваме приватно здравствено осигурување и субвенции за семејствата, организираме спорстки активности: планинарење, кошарка, одбојка,  фудбал, скијање, пливање, трњање итн., организираме настани од забавен карактер… нашите журки се легендарни! Креираме соствен кадар, активно учествуваме во организирање настани, обуки и пракси за студенти. Ние го организираме CodeFu натпреварот веќе 10 години и сме главни спонзори на Javaskop конференцијата.

8. Кои се клиентите со кои соработувате?
Нашите клиенти се од Швајцарија, Европска Унија и Обединети Арапски Емирати. Како најголеми клиенти можеме да ги издвоиме најголемата швјацарска банка UBS и швајцарска железница SBB.

9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
Во Македонија има голем потенцијал со ИТ професионалци, но сметаме дека недоволно се разменуваат практични искуства. Сакаме да ја подобриме заедницата на ИТ професионалци за да иницираме размена на искуства и технологии, организирање повеќе настани, технички предавања и конференции.

10. Што ќе работи Netcetera во 2022 година?
Веќе ги почнавме првите чекори во областа на machine learning, проширена и виртуелна реалност (AR/VR) и конверзациски интерфејси (conversational interfaces) и очекуваме дека до тогаш овие технологии ќе земат голем замав, а ние ќе имаме доста проекти во ова поле.


11. Споделете еден “fun fact” за Вашата компанија.
Имаме сопствен бенд! Нашиот одбојкарски тим победува на турнири. Ние сме главни виновници што веќе 10 години се одржува CodeFu. Имаме сопствено пиво, се вика Ипанета!

Официјален сајт:
http://netcetera.mk/

Netcetera на друштвени канали:

Facebook / Twitter / LinkedIn / Instagram

Посетете го профилот на Netcetera на ИТ Индекс.


Знаеш компанија која треба да ја додадеме на ИТ Индекс? Кликни тука и Предложи компанија.

The post ИТ Индекс: Netcetera – софтверската компанија која развива и иновира софтвер фокусиран на финансискиот сектор appeared first on IT.mk.

МојВоздух продолжува со поттикување на политичка одговорност околу загадувањето

$
0
0

За жал, повторно доаѓа оној период на годината во кој се потсетуваме на апликацијата МојВоздух. Викендот кој измина, загадувањето во Скопје и во неколку други градови повторно ги надминува дозволените граници. Горјан Јовановски скромно најавува дека во моментов нема големи новитети околу неговата апликација, но сепак наскоро, за неколку месеци, очекува да има поголема надградба.

„За некој месец ќе имаме пристап до сателитските податоци, па сакаме да ги имплементираме во апликацијата да може да се гледаат“, вели г. Јовановски.

Интересни вести за апликацијата доаѓаат и од регионот. Загадувањето е големо во сите држави во регионот, па нема да биде никакво изненадување доколку интересот за апликацијата биде поголем. МојВоздух наскоро би можел да биде достапен како регионална апликација; за почеток преку освојување на пазарите во поранешна Југославија и Бугарија.

„Планираме 2 поголеми чекори: Анализа и додавање на сателитските податоци за загадувањето од Sentinel-5P сателитот, и ширење на МојВоздух низ Балканот, со посебен фокус на земјите од поранешна Југославија и Бугарија, како региони кои страдаат многу од загадување на воздухот“.

За време на кампањата за локалните избори, МојВоздух започна со Политичкиот бројач. Функционалност која ги брои ветувањата на политичарите, речиси вирално се прошири преку друштвените мрежи. Ова беше интересна можност да се изврши притисок врз политичарите, и граѓаните да влијаат на политичката кампања.

„Политичкиот бројач супер беше прифатен од граѓаните, и доста се прошири на социјалните мрежи. Град Скопје не беа презадоволни (игнорираа мејлови што им праќав да ги прашам за статус на ветувањата пред да го објавам проектот), но тоа е и целта на самиот проект, поттикување на политичка одговорност“.

Сепак, ако по нешто може да го оцениме успехот на МојВоздух, тоа е влијанието во подигнувањето на свеста за загадувањето. МојВоздух е една од најкористените македонски апликации. Ниту во последно време апликацијата нема пад во бројот на корисници, иако за тоа можеби треба да му се „заблагодариме“ на загадувањето.

„Имаме 60.000 Android корисници, 4.000 iOS корисници и 5.000 веб корисници во регионот“, вели Горјан Јовановски.

The post МојВоздух продолжува со поттикување на политичка одговорност околу загадувањето appeared first on IT.mk.

Стартап основан од професори на ФЕИТ: Со паметна технологија до поголема енергетска ефикасност

$
0
0

ДТК Смарт-тек ДОО е македонски стартап кој работи на развој и имплементација на системи за мерење, анализа и управување со електрична енергија. Првенствено компанијата работи на развој на хардверски и софтверски решенија во областа на менаџмент и управување со електрична енергија, но и нивно прилагодување со цел да се исполнат специфични барања на корисниците. Покрај оваа примарна дејност, компанијата се занимава и со развој на мерна инструментација за употреба во индустрија, но и во едукација.

Компанијата е  основана од тројца професори на Факултетот за електротехника и информациски технологии: Владимир Димчев, Димитар Ташковски и Живко Коколански. ДТК Смарт-тек е формирана во 2015 година како спин-оф компанија на Факултетот. Оваа година во јуни започнаа со првиот проект. Проектот успешно заврши во јуни 2016 година. Во рамките на овој проект беше развиен системот за упавување со енергија

Проектот претставува целина од хардверски компоненти и софтверски апликации и сервиси. Системот овозможува мерење и интегрирање на сите параметри на електричната енергија од една или повеќе локации во рамките на една компанија во веб-апликација која е достапна за корисниците.

Стартапот нуди решенија кои се целосно прилагодливи кон барањата на корисникот. Во зависност од сложеноста на процесот може да се добие детална слика за тоа каде и како се искористува електричната енергија. Врз база на овие податоци се нуди и решение како да се намали потрошувачката.

Веб-апликацијата NET PowerMON овозможува преглед на сите мерења во реално време, независно од локацијата и уредот. Корисникот преку интернет може да пристапи со PC, таблет, лаптоп или мобилен телефон. Апликацијата нуди детални прегледи на сите параметри, дневни и месечни извештаи за потрошената електрична енергија, врвната ангажирана моќност и слично. Можен е и експорт на податоците за дополнителни анализи. Со оглед на тоа дека станува збор за универзитетски професори, тимот може да понуди експертско мислење и да предложи мерки за оптимизирање и намалување на потрошувачката на енергија. Секако, со тоа ќе се овозможи и заштеда на средства.

„Системот придонесува кон зголемување на енергетската ефикасност на компаниите, а со тоа и заштеда на средства по однос на електричната енергија. Заштедите кои се внесуваат со овие системи се особено значајни во компаниите од индустрискиот сектор (процесна, прехрамбена, машинска и др. индустрија), но исто така и во други компании од јавниот сектор (хотели, административни и станбени објекти, училишта, трговски центри)“, велат од DTK Smart-Tech.


Системот е прилагодлив и може да се намени за било каков процес, зависно од барањата на корисникот. Дополнително, и економски е поисплатлив од останатите слични решенија кои се нудат на македонскиот пазар.

„Покрај проектирањето, инсталацијата и одржувањето на системите, тимот на ДТК Смарт-тек нуди и анализа на енергетската ефикасност и можност за намалување на потрошувачката на енергија преку одредени мерки, зависно од процесот“.

Вториот проект на ДТК Смарт-тек, финансиран од ФИТР, започна во декември 2016 година и завршува во декември 2017 година. Во рамките на овој проект е надграден и проширен системот за менаџирање со енергија на ДТК Смарт-тек. Сега истиот нуди можност за интеграција на податоци за потрошувачка на други видови енергенси и ресурси (пр. гас, вода, топлинска енергија итн.). Ова е овозможено со уредот PCR-41, развиен и произведен од ДТК Смарт-тек кој претставува универзален повеќеканален бројач на импулси. Може да отчитува потрошувачка од било какво броило кое има електричен или светлински импулсен излез и истите да ги интегрира во системот за менаџирање со енергија.

PCR-41, Image courtesy of DTK Smart Tech

Ова е особено корисно, затоа што кај веќе постоечки процеси не мора да се инвестира во нова мерна опрема, туку може да се искористи веќе постоечката мерна инфраструктура.

Она што е добра вест е дека, стартапот веќе ги има првите корисници.  Први корисници на системите за менаџирање со енергија на ДТК Смарт-тек се: Парк Хотел & СПА; Форца, спортска сала; Форца, вински бар и ресторан; МИК Св. Николе и Факултетот за електротехника и информациски технологии.  Во тек е и инсталација на систем за менаџирање со енергија во АрцелорМиттал.

Идните планови на компанијата се фокусирани на ширење на македонскиот пазар. Секако, планирано е и излегување на регионалниот пазар. Ова е особено интересна можност со најновиот производ на компанијата (PCR-41 универзалниот бројач на импулси). Уредот може да се користи и како засебен уред и да се интегрира во било каков мерно-информациски систем преку стандарден комуникациски интерфејс, велат од DTK Smart Tech.

ДТК Смарт-тек е двократен корисник на грант од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), во рамките на инструментот Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „стартап“ и „спиноф“.

The post Стартап основан од професори на ФЕИТ: Со паметна технологија до поголема енергетска ефикасност appeared first on IT.mk.


ИТ Индекс: InPlayer –компанијата која креира софтвер за монетизирање на дигитални содржини

$
0
0

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

1. Датум кога официјално започнавте со работа?
InPlayer Limited е основана во јули 2010 година во Лондон. Канцелариите во Скопје се отворени
нешто подоцна, во ноември 2011 година со тим од 5 луѓе, иако само неколку месеци подоцна веќе одредена група на програмери работеа на InPlayer продуктот.

2. Од кого е основана компанијата?
InPlayer Limited во Лондон е основана од 5 поединечни инвеститори. Тројца од тие инвеститори сè уште се дел од приказната на компанијата, додека македонската компанија е директно основана од InPlayer UK.

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте?
Првиот продукт кој го работевме и сè уште го работиме, но, моментално во многу понапреден формат, е Paywall платформа. Самиот продукт е софтверско решение што им помага на нашите клиенти да ги монетизираат/продаваат своите дигитални, премиум содржини. Нудиме целосно решение за регистрација и автентикација на крајни корисници како и наплата за пристап. Со нашиот продукт на клиентите им овозможуваме да се фокусираат на она во што се најдобри – продуцирање на содржини кои ги нудат онлајн, а за останатото се грижиме ние. Дополнително, нашиот систем нуди алатки со кои клиентите може да ги менаџираат своите содржини, нивните цени, како и да добијат генерален преглед и аналитика за нивната публика, претплати и заработувачка.

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
Првиот тим во Скопје броеше 7 луѓе од кои најголем дел беа програмери заедно со оддел за корисничка и поддршка на продукт.

5. Колку вработени сте сега?
Заедно со тимовите во Лондон, Стокхолм и САД вкупно броиме 55 вработени од кои најголемиот дел се базирани во Скопје.

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
Нашата главна специјалност е монетизацијата на премиум содржини и целиот главен развој на платформата ни се движи во овозможување на што поголем број на функционалности кои нудат разни опции на крајните корисници. Сепак најголем акцент ставаме на сопствениците на содржина, сè со цел да можат на почесен начин да дојдат до што поголема заработка од тоа што го креираат. Дополнително, самата платформа е богата со цела листа на функционалности за автентикација и управување со пристап на корисниците, што може, но не мора да е поврзано со плаќање.

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Главната конкуренција на продуктот ни се неколку американски и западноевропски компании. Но, она што сметаме дека е нашата главна предност е технички најновата платформа која ја имаме изградено пред една година, направена со сите најнови технологии кои ги користат најпознатите компании за информатичка технологија во светот. Исто така, новата платформа (ја нарекуваме v2) е со највисоко ниво на сигурност во однос на корисничките податоци како и самата заштита на содржината. Она што дополнително не издвојува во однос на конкурентите, и го користиме како џокер во голем дел од преговорите, е одличниот 365/24/7 тим за поддршка, кој е спремен да одговори на сите прашања кои доаѓаат од клиентите и крајните корисници. Што се однесува до конкурентноста на македонскиот пазар, сметаме дека она што нè издвојува во нашиот амбиент се човечките ресурси и грижата за нашите вработени. Им нудиме огромни можности за професионален развој на вработените со крајна цел да бидат исполнети и среќни со својата работа и позиција во InPlayer. Исто така, им нудиме приватно здравствено осигурување, организираме спортски активности како кајакарење, кошарка, куглање како и приватни забави на кои секогаш си поминуваме најубаво.

8. Кои се клиентите со кои соработувате?
Заради природата на продуктот најголем дел од нашите клиенти се сопственици на права за спортски и филмски содржини, па така, некои кои можеме да ги издвоиме и со кои сме горди што соработуваме се најголемата светска компанија за спортски права IMG (со нив имаме реализирао проекти со тимови како Барселона и Манчестер Јунајтед), Laola од Австрија, Filmbox кои се конкуренти на HBO и многу други. Дополнително, имаме стратешко партнерство со комапнијата Massive Interactive со кои блиску соработуваме и имаме дедицирани тимови кои работат директно на развој на апликации за светски и медиумски гиганти како што се BBC, Sony и Deutche Telekom.

9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате
неограничени ресурси?
Првенствено сметаме дека треба да има поголема соработка помеѓу ИТ компаниите во Македонија. Иако сме конкуренција сепак заедно го креираме ИТ пазарот во Македонија. Сите сме свесни дека во изминативе 5 години стотици светски компании отворија свои канцеларии во Скопје, што отвора простор заеднички да се грижиме да го задржиме високото ниво на ИТ професијата на што е можно подолг рок. Охрабруваме и поддржувaме повеќе можности за поврзување на ИТ професионалците кај нас, што дополнително нè мотивираше да го создадеме и успешно одружуваме и тоа веќе втора година по ред – InTech MeetUp настанот. Ова случување има за цел е да ги вмрежи програмерите и да нè запознае со новостите во светот на технологијата, преку гостувања на говорници од странство кои може да ги најдеме на А-листата на говорници како и предавања на експерти од ИТ секторот во Македонија.

10. Што ќе работи InPlayer во 2022 година?
Нашaта стратегија е за наредните три години, така што она што планираме да го реализираме во 2022 ќе го оставиме како мала тајна. Во суштина целото искуство и база на податоци кои ги имаме собрано, заедно со најактуелната моментална технологија за машинско учење, сакаме да го преточиме во автоматизиран систем, кој ќе им предлага готови сценарија со спремни предлог цени и маркетинг решенија на нашите клиенти со само неколку подесувања.

11. Споделете еден “fun fact” за Вашата компанија
Ги прославуваме родендените на нашите вработени со забава која се случува секогаш точно во 4:20 часот. Важен ни е ведриот дух и психофизичкото здравје на нашите вработени, па често организираме релаксирачка масажа во текот на работните часови.

Официјален сајт: ​
https://inplayer.com/

InPlayer на друштвени канали:

Facebook / Twitter / LinkedIn / Instagram

Посетете го профилот на InPlayer на ИТ Индекс.


Знаеш компанија која треба да ја додадеме на ИТ Индекс? Кликни тука и Предложи компанија.

The post ИТ Индекс: InPlayer – компанијата која креира софтвер за монетизирање на дигитални содржини appeared first on IT.mk.

ИТ Индекс: Ни Текна –компанија за истражување и развој, специјализирана за работа на сложени проблеми кои бараат интелигентни решенија

$
0
0

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

1. Датум кога официјално започнавте со работа:
Друштвото за истражување и развој НИ ТЕКНА – Интелигентни технологии, или скратено НИ ТЕКНА, е регистрирано на 17. март 2008 г., инаку со работа почнавме на почетокот на октомври истата година.

2.Од кого е основана компанијата?
Од Андреа Кулаков, инаку професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте:
Првата услуга со која почнавме со работа беше за понатамошен развој на софтвер и поврзување на системот за плаќање преку мобилни телефони, за нашиот партнер Маргенто од Словенија. Системот и денес се користи во некои продавници и супермаркети во Македонија преку кој се собираат и поени за лојалност од Телеком.

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
Во март 2008 г. почнавме само со управител, па во октомври 2008 г. беа вработени првите тројца програмери.

5. Колку вработени сте сега?
Сега сме девет вработени, а во тек е оглас за прием на повеќе нови јава програмери, којшто може да се најде на нашите веб страни тука.

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
НИ ТЕКНА е компанија за истражување и развој, специјализирана за работа на сложени проблеми кои бараат одредени напредни интелигентни решенија. Фокусирана е на областите бизнис интелигенција и обработка на мултимедиски содржини (слика, звук, говор, текст, видео), сето тоа комбинирано со мобилно и вградливо програмирање и развој на веб решенија.

Во првите 6-7 години од постоењето бевме целосно услужна компанија која истражувањата и развојот го правеше за други партнери.

Во последните две години поинтензивно ја развивавме АРЛОПУС – Синхронизирана музичка мобилна мрежа, каде корисниците можат да пуштаат музика на многу мобилни уреди истовремено, без да има ехо помеѓу нив.

Со АРЛОПУС може да се слуша истата музика во исто време, заедно со пријателите, на иста локација или дури и од разни страни на светот. Може да се користи од организатори на настани и кампањи, или од маркетинг агенции, како нова алатка за поголема вклученост на публиката, корисниците или потрошувачите. Самата музика е нешто кое му дава најголема енергија на човекот, а кога се слуша заедно од многу страни, ефектот се мултиплицира.

Покрај за обични корисници во мали друштвени групи, АРЛОПУС се нуди и за развој на посебни апликации за промоција на други производи, тимови или воопшто фирми и организации, при тоа апликациите може да се брендираат според потребите и желбите на корисникот. За ваквиот вид на корпоративни корисници, АРЛОПУС се нуди заедно со веб административен панел преку којшто може да се контролира и мониторира употребата и вклученоста на корисниците (од кои локации, колку лајка, споделувања, постови и коментари имало во текот на хепенинзите), да се организираат и наградни игри, да се испраќаат нотификации или е-писма и СМС пораки до корисниците и секако да се уредуваат песните и нивниот редослед за секој закажан хепенинг посебно.

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Тимот на НИ ТЕКНА е со повеќе награди и признанија од меѓународни натпревари за обработка на т.н. големи податоци. Во изминативе 4 години, на 4 такви натпревари оддржани во Полска и во Кина, тимот на НИ ТЕКНА се пласираше од 12-то до највисокото 3-то место, во конкуренција на 100-тина натпреварувачки тимови од целиот свет кои учествуваа на секој од овие натпревари. Исто така, заедно со нашите партнери Neurologix Security бевме и финалисти на Global Security Challenge 2013 во Лондон.

НИ ТЕКНА е поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој на Македонија за апликацијата АРЛОПУС и сме едни од првите 7 корисници на ко-финансирачки грант за комерцијализација на иновација. Во голема конкуренција од целиот свет, бевме примени и ја имаме претставено оваа апликација на неколку саеми за иновации, како што се WebSummit во Даблин 2015 и Лисабон 2017, како и WebIT Festival во Софија 2016 и Wolves Summit во Варшава 2017. Во тек сме со изработка на навивачка верзија на оваа апликација со која навивачите ќе можат во големи групи да навиваат за својот омилен тим со помош на оваа апликација. Тоа ќе биде прва таква апликација во светот и се надеваме наскоро дека ќе ја промовираме и во Македонија.

Така што ние работиме на најпредизвикувачки проблеми и задачи кои вклучуваат техники од пошироката област на Вештачка интелигенција и имаме што да му понудиме на светот.

8. Кои се клиентите со кои соработувате?
Во изминативе години сме соработувале со фирми од Словенија, САД, Франција, Бугарија и Хонг-Конг. Тоа биле и етаблирани фирми на кои им требало развој на нов софтверски производ или биле и стартапи кои сакале да пробаат нешто ново. Сме имале неколку истражувачки и развојни проекти за обработка на слики, како што се моделирање на 3Д објект за iPhone од само една слика, бришење на подвижни предмети и луѓе од низа на 5 последователни слики и имаме изработено прототип на систем кој ги означува акните на лицето преку анализа на слика добиена од веб камера или од мобилен телефон. Сме правеле истражувања и во областите на обработка на природни јазици, обработка на податоци од сензорски мрежи, откривање на измами при плаќања и слични други проекти. Најчесто клиентите бараат да се направи некакво истражување за одредени области од погоре споменатите за кои сме експерти и потоа сакаат да се продолжи со интегриран развој на веб и мобилни сервиси во еден систем во кого се вклучени резултатите од тие истражувања на почетокот.

9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
Сметаме дека поседување на неограничени ресурси не е здрава работа за било кого и дека треба да го преформулирате прашањето. Такво нешто е, помалку, работа на лукавиот, како што се вели. Затоа, наместо тоа, ние би можеле да размислиме што би промениле кога би имале доволно големи ресурси. Ние и со скромните ресурси со кои располагавме до сега, на пример, 10 години по ред ги поддржуваме натпреварите IEEE Xtreme Programming каде нашите студенти од Македонија речиси редовно остваруваат врвни резултати во светски рамки. Со повеќе ресурси, уште повеќе би поддржувале слични настани кои служат и за промоција на Македонија. Исто така би ги поддржувале професорите во средни школи и наставниците во основните школи по информатика и поврзани области, пред сè математика и физика, но и други природни науки дури како хемија и биологија, бидејќи тие се меѓу најбитните кои им ја всадуваат на најмладите љубовта кон технологијата воопшто. Ние сметаме дека многу подинамичен развој на Македонија може да се постигне со технолошки развој во кој секако ќе предничат информатичките технологии и поврзаните дисциплини (пример роботика со дронови и автономни возила, биоинформатика, компјутерска медицина и др.), па во таа насока би ги користеле и ресурсите кои ни се на располагање, без да чекаме тоа да бидат неограничени ресурси. Би ги помагале на повеќе начини секако и факултетите поврзани со овие области, пред сè информатичките. Со оглед на тоа што ние од ИТ стопанството можеме да обезбедиме повеќе работа во информатичката индустрија отколку што можеме да најдеме слободни луѓе кои ќе работат на тоа, фокусот треба да се стави на зголемување на опфатот на млади кои ќе сакаат да студираат на овие факултети со тоа што тие ќе станат уште поатрактивни. Ќе треба да се диференцираат појасно и потребите на фирмите и можностите на студентите, за тоа да се одрази и во понудата на факултетите, па на тој начин да се понудат разнолики можности за атрактивна кариера во ИТ индустријата за сите. ИТ индустријата нуди многу можности за личен развој, не само за програмери и системски архитекти, туку и за контрола на квалитет, администратори, дизајнери, проект менаџери, писатели на содржина, дефинирачи на потреби на корисници и уште многу други профили. Промени треба да се направат не толку во академското, туку пред сѐ во средното и високото стручно образование на младите.

Ние сме решени да останеме во Македонија и од тука да развиваме технологии со кои ќе го промениме човештвото на подобро, а во исто време на младите да им овозможиме перспектива за развој во Македонија. Во следниот период со уште поголеми ресурси ќе сме во можност да понудиме и на некои што веќе заминале од Македонија, да размислат и да се вратат да живеат и творат во Македонија. Сметаме дека може да понудиме во Македонија висок личен стандард, исполнувачка работа на најнови технологии и секако, на долг рок, посреќен живот опкружен со љубов од своите најблиски. Секој што ќе се препознае во ова нека нè контактира, да поразговараме што може да понудиме уште сега.

10. Што ќе работи NI TEKNA во 2022 година?
За 5 години се надеваме дека на овие први 9-10 години ќе гледаме како на еден подготвителен период за претстојната експанзија. Заедно со наши партнери, до тогаш планираме да отвориме и неколку центри за истражување и развој низ цела Македонија. Ќе продолжиме со понатамошниот развој на апликациите за истовремено слушање музика и за навивање, па до 2022 г. синхронизираното слушање на музика ќе стане омилениот начин на слушање музика на мобилен уред. Покрај со АРЛОПУС и со навивачките апликации, до тогаш ќе имаме и уште неколку производи кои ќе користат напредни интелигентни технологии и со кои ќе сме горди, но за тоа, би сакале да не откриваме сега, туку да нè прашате тогаш.

11. Споделете еден “fun fact” за Вашата компанија.
Секогаш кога прв пат ќе отидеме на некој шалтер, луѓето кои работат таму не можат да се воздржат, а да не се потсмевнат кога ќе го чујат нашето име. Но, веќе вториот пат, од далеку нè поздравуваат и викаат покажувајќи со прст кон нас: “Аааа – НИ ТЕКНА!”. Така што немаме проблем да нè препознаат и запомнат, одма им текнува како се викаме.

Инаку, на тие што работат со технологии веднаш им се допаѓа името, бидејќи ја сфаќаат врската и со нашето долго име НИ ТЕКНА – Интелигентни технологии (на англиски “технологии” се чита “текнолоџи”, па може и ние треба да викаме текнологии, со “к” наместо со “х”).

Мислите и идеите се индивидуален чин, прво мене ми текна, па спомнав на колегите, па некој дополни со нешто, па некој друг измисли и нешто трето и така, после заедничкото подобрување на идејата, ние можеме гордо да изјавиме: НИ ТЕКНА!

Името ни дава сила, бидејќи во него ни се сублимирани и иновацискиот циклус и тимската работа во исто време. Од името произлегува синергијата која со самото тоа ни е вградена во темелите на нашето друштво за истражување и развој. Тоа го чувствувавме од самиот зародиш на идејата за основање и затоа, откако проверивме дека се слободни домените ni-tekna.com и nitekna.com и дека е слободно името за регистрација на трговско друштво кај нас, ги купивме домените уште пред да се регистрира друштвото.

Официјален сајт:

http://ni-tekna.com/

Ни Текна на друштвени канали:

Facebook / Twitter / LinkedIn

Посетете го профилот на Ни Текна на ИТ Индекс.


Знаеш компанија која треба да ја додадеме на ИТ Индекс? Кликни тука и Предложи компанија.

The post ИТ Индекс: Ни Текна – компанија за истражување и развој, специјализирана за работа на сложени проблеми кои бараат интелигентни решенија appeared first on IT.mk.

ИТ Индекс: Еверест –веб академија специјализирана за стручно образование и обука во област на веб индустријата

$
0
0

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

1. Датум кога официјално започнавте со работа
Веб академијата Еверест има два датума кои ги водиме како “официјални”. Првиот е 22.06.2015 кога со потпишувањето на договорот со Фондот за иновации и технолошки развој и “официјално” започнавме со работата на изградбата на академијата. Ни требаа некаде околу 15 месеци да го реализираме тоа што го планиравме и некаде кон крајот на 2016 година започнавме со наставата на далечина. Со оглед на тоа што Еверест функционира целосно во облак, за што не ни се потребни класични училници, официјален почеток во буквална смисла на зборот немавме.

2. Од кого е основана компанијата?
Еверест е проект на Марјановиќ Едукација, основана од Александар Марјановиќ, претприемач со над 25 години искуство во стручно ИТ образование. Александар е основач на ИТ Академијата Александрија, првата приватна стручна школа во Македонија, а неколку години во Стопанската комора за ИТ MASIT бил одговорен за истражувањата на македонскиот ИТ пазарот.

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте:
Иако уште на самиот почеток на работата на Еверест понудивме 5 различни студиски програма, првиот студент го добивме на програмата Front-end девелопер. Оваа програма и во моментов е една од најбараните.

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
Во изградбата на академија беа вклучени голем број соработници кои работеа на различни активности кои подразбираа преведување материјали од англиски, изработка на задачи и проекти, снимање и монтажа на видео лекции, изработка на веб страна, пишување и преведување стручни статии за нашиот блог, спроведување и снимање интервјуа, вебинари и голем број други маркетинг активности… Вкупно во целиов проект беа вклучени околу 20-тина стручни соработници.

5. Колку вработени сте сега?
Во моментов Еверест располага со тим од 15 стручни соработници – ментори кои се грижат за помош и поддршка на нашите студенти.

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
Еверест е веб академија специјализирана за стручно образование и обука во област на веб индустријата. Во моментов Еверест располага со околу 50 курсeви на македонски јазик и 5 студиски програми (Front-end девелопер, Back-end девелопер, Веб дизајнер, UX дизајнер, WordPress администратор)

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Она што суштински не’ разликува од конкуренцијата е методологијата која ја создадовме врз основа на искуствата од претходните 20 години работа со Александрија. Методологијата која ја нарековме менторирано учење на далечина во основа значи учење на далечина со помош на ментори. Таа на студентите им овозможува придобивки кои инаку се невозможни со традиционалниот пристап:
заштеда на време – поради можноста да се учи од дома, се заштедува многу време (и пари) кое инаку би го трошеле на патување,
заштеда на пари – поради намалените трошоци за ваков вид настава, студиите се со најмалку двојно пониска цена од сличните традиционални студии,
флексибилност – студентот може да учи кога сака, колку сака, со распоред и динамика кој самиот ги определува,
глобална достапност – квалитетното образование му е достапно секому, без оглед на тоа каде живее,
индивидуален пристап – со рационално планирање на времето, овозможен е индивидуален пристап и работа со искусни професионалци.

8. Кои се клиентите со кои соработувате?
Најголемиот дел од нашите клиенти се индивидуалци кои веќе се вработени и имаат јасна цел – по пат на преквалификација (во слободно време) да дојдат до подобро платено работно место. Наши клиенти се и студенти кои веќе студираат на некој друг факултет, а студирањето на Еверест матичниот факултет им го признава како пракса. Станува збор за менторирана пракса на далечина, комерцијална услуга наменета за студенти за која имаме одобрение за работа од Министерство за образование и наука, и договори за соработка со водечките ИТ факултети во земјава. Освен тоа, соработуваме и со водечките компании кои се занимаваат со софтвер и веб развој, на кои како наши партнери им помагаме да дојдат до квалификувана работна сила.

9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
Со оглед на тоа што живееме во време на економија базирана на знаење, најсилниот двигател на едно општество се знаењето и иновациите. Исто како што задачата на еден родител е од своето дете да направи зрел и самостоен човек, така и за развој на нашето општество потребни се сериозни инвестиции во оваа област. Кога би имале неограничени ресурси би направиле технолошки парк кој што би работел како расадник на таленти и иновативни компании, би инвестирале во едукација и мотивација на младите за перспективите кои ги нуди веб, односно ИТ индустријата, со цел да ја направиме Македонија пристојно место за живеење.

10. Што ќе работи Еверест во 2022 година?
Веќе од оваа година започнуваме со подготовки за освојување на светот со извоз на менторска обука на далечина – на англиски јазик! Располагаме со знаење, искуство и тим од врвни професионалци, и до 2022 година се надеваме и дека навистина ќе успееме во тоа.

11. Споделете еден “fun fact” за Вашата компанија.
Една од најинтересните случки која често ја спомнуваме му се има случено на еден наш студент. Ни се јави да не’ праша за совет како да се справи со “тешкиот” проблем со кој се соочил веднаш по завршувањето со студиите – аплицирал за работа на два огласа и го примиле на обата! Погодувате, ја прифатил подобрата понуда, за почетничка плата од 600 евра.

Официјален сајт: ​
https://www.everest.mk/

Еверест на друштвени канали:

Facebook / Twitter / LinkedIn / Google+ / YouTube

Посетете го профилот на Еверест на ИТ Индекс.


Знаеш компанија која треба да ја додадеме на ИТ Индекс? Кликни тука и Предложи компанија.

The post ИТ Индекс: Еверест – веб академија специјализирана за стручно образование и обука во област на веб индустријата appeared first on IT.mk.

ИТ Индекс: Nova Solutions –битолска креативна агенција со повеќе од 10 години искуство

$
0
0

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

1. Датум кога официјално започнавте со работа:
Компанијата започна со работа пред повеќе од 10 години, поточно од 15.11.2007 година

2. Од кого е основана компанијата?
Компанијата е основана од страна на Игор и Гордана Мишевска од Битола.

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте:
Првата услуга на нашата компанија и воедно прва услуга во тоа време која што се појави во Македонија беше креирање на маркетинг кампањи на социјалните мрежи – Facebook.

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
На самиот почеток тимот го чинеа сопствениците – 2 вработени


5. Колку вработени сте сега?
Денес нашата компанија е тим од 9 експерти од свои области.

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
Како што спомнав на самиот почеток, првата и основната услуга е креирање на маркетинг кампањи на социјалните мрежи. Покрај оваа услуга нудиме и веб дизајн, како и графички дизајн (брендирање).

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Она што не издвојува е секако квалитет на нашата услуга, квалитетна маркетинг експертиза и тоа што секогаш даваме повеќе од колку што нудиме. Сметаме дека тоа клиентите го препознаваат и тоа е клучот на успешната и долгорочната соработка со клиентите.

8. Кои се клиентите со кои соработувате?
Соработуваме со поголем број на национални и локални компании. Дел од нив се Магрони, ЕВН, ВИПРО, Пеко Македонија, КИМ, РЕСКОМ, РЕХАУ, ТРИМЕКС и уште голем број на други компании.

9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
Она што е сметам заеднички проблем на сите компании од ИКТ секторот е недостиг на кадар, како приоритетен проблем. Поточно да бидам попрецизен, недостиг на недоволно едуциран кадар.

10. Што ќе работи Nova Solutions во 2022 година?
Бидејќи работиме во многу динамична индустрија, сметам дека 2022 година не е краткорочен, туку долгорочен период. Но, она што дефинитивно е во нашата сфера на интерес е видео, како еден актуелен и интересен маркетинг медиум особено во комбинација со социјалните мрежи.

11. Споделете еден “fun fact” за Вашата компанија.
Па еден од интересните факти, што скоро го имам забележано е дека женскиот дел на тимот живее во источниот дел на градот, додека машкиот дел на тимот е во западниот – квартовски сме поделени 😊

Официјален сајт: ​
http://novasolutions.co/

Nova Solutions на друштвени канали:

Facebook / Twitter / LinkedIn

Посетете го профилот на Nova Solutions на ИТ Индекс.


Знаеш компанија која треба да ја додадеме на ИТ Индекс? Кликни тука и Предложи компанија.

The post ИТ Индекс: Nova Solutions – битолска креативна агенција со повеќе од 10 години искуство appeared first on IT.mk.

ИТ Индекс: iVote –компанијата која развива системи за модернизација на изборните процеси

$
0
0

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

1. Датум кога официјално започнавте со работа:
Како дел од Иновејшн, постоиме од 02.10.2006 година. На 16.01.2012 година, iVote се одвои како посебна компанија, со главна мисија континуиран развој и унапредување на системот за менаџирање со изборни процеси, Demokra.

2. Од кого е основана компанијата?
Основачи на iVote се Гоце Арменски и Љупчо Антовски.

 

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте:
Првиот производ што нашата компанија го создаде и продаде е софтвер за изборни процеси кој денес го користат изборни комисии на неколку континенти и има обработено повеќе од 136 милиони гласови. На почетокот (2006 год) создадовме платформа за трансмисија на резултати и излезност од изборите преку која се која овозможува следење на излезноста и резултатите во живо.

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
На почетокот бевме 7 вработени, за веќе при крај на првата година да сме 12.

5. Колку вработени сте сега?
Вкупно сме 22 колеги кои функционираме како мало семејство. Работиме тимски и си помагаме меѓусебно. Ги споделуваме стекнатите знаења и искуства и тоа нé прави успешни и конкурентни.

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
iVote се состои од 3 столба, како што ние си ги нарекуваме. Првиот столб ни е системот за автоматизација на изборите кој се вика Demokra. Вториот е Epistum, системот за е-учење и интерактивни курсеви и третиот столб е делот за е-трговија, Cisium. Можеме да се пофалиме со нашата успешна онлајн книжарница Кupikniga.mk која постои повеќе од 5 години и нуди над 54.000 различни наслови од скоро сите издавачи од Македонија и регионот.

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Покрај тоа што развиваме системи за модернизација на изборни процеси, е-учење и е-трговија, тимот на iVote е составен од искусни ИТ професионалци, со долгогодишно искуство од областа кои нудат консултантски услуги на клиентите, соработниците и партнерите. Тоа е главната карактеристика што нé издвојува од конкуренција. Не создаваме само софтверски решенија кои треба да ги користат клиентите, туку посуштински навлегуваме во целата таа приказна. Правиме детална анализа на нивните бизнис процеси, гледаме што може да се подобри, што да се модифицира за да бидат поефективни и поефикасни и врз основа на таа анализа нудиме custom-made системи и совети.

Високите стандарди и искуство со кои располагаме ги применуваме во одржувањето и поддршката што ја пружаме на нашите клиенти. Работиме со мултикултурни и мултинационални проекти од најразлична природа, лесно се прилагодуваме со различните барања и стандарди што се бараат во секој од проектите и брзо донесуваме одлуки за решавање на проблеми.

8. Кои се клиентите со кои соработувате?
Работиме со домашни и странски клиенти од државниот и приватниот сектор. Соработуваме со повеќе од 500 клиенти со кои одржуваме редовна комуникација и ги негуваме нашите бизнис односи. Често пати се случува клиентите да прераснат во наши соработници и партнери. Разменуваме искуства и развиваме интердисциплинарни проекти кои достигнаа голем број успеси.

9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
Би работеле на целосна дигитализација и електронско водење на процесите во Македонија. Има голем простор за работа на ова поле. Најпрво треба едукација на сите граѓани и да им се прикаже ИТ светот како нешто што многу ги олеснува секојдневните обврски. Кај нас особено постарата генерација пружа отпор на новите технологии и тоа го сфаќаат како нешто што не е за нив. Би се обиделе да го промениме овој ментален склоп, а потоа би вовеле електронско гласање и гласање од далечина, со што би го зголемиме процентот на излезност на гласачите и би го направиле доста подостапно за сите гласачи. Секој ќе може да го искористи своето право на глас, без разлика каде се наоѓа во моментот. Обработката на податоците во тој случај би била далеку побрза отколку што е сега, каде се чека да затворат избирачките места, рачно да се пребројат гласовите и потоа да се внесат во систем. Со системот за електронско гласање сите овие процедури ќе се извршуваат автоматски и ќе имаме пребројување и резултати во реално време.

Во делот на е-учењето имаме визија да направиме поквалификувани кадри во Македонија.
Сите компании, државни институции, факултети, училишта, министерства може да ја применуваат платформата за е-учење Епистум, и на тој начин да им овозможат на своите вработени обуки и курсеви кои се во тек со најновите трендови и истражувања. Со тоа ќе се подигне нивото на професионализам во нашата земја, кој во моментов не е на завидно ниво. Има уште многу полиња за развој, но засега би се задржале на овие три.

 

10. Што ќе работи iVote во 2023 година?
Во 2023 ќе бидеме ИТ компанија која создава алгоритми и паметни софтверски програми базирани на вештачка интелигенција кои ќе им помагаат на корисниците многу побрзо и поефективно да ги извршуваат своите задачи. Нашите системи ќе бидат „мозокот“ на операциите и веројатноста за човечка грешка ќе се сведе на минимум.

11. Споделете еден “fun fact” за Вашата компанија.
Нема многу забавни факти околу изборите 😊
Но, нашиот софтвер за е-комерц, Cisuim, и нашиот сајт Купикнига.мк беа меѓу првите кои овозможуваа плаќање директно со дебитна или кредитна картичка при нарачка на книга. Ние бевме презадоволни со тоа, но од корисниците имавме реакции дека сакаат да плаќаат при испорака, бидејќи плаќањето со картички преку интернет не е безбедно 😊

Официјален сајт:
https://ivote.mk/

iVote на друштвени канали:

Facebook / LinkedIn

Посетете го профилот на iVote на ИТ Индекс.


Знаеш компанија која треба да ја додадеме на ИТ Индекс? Кликни тука и Предложи компанија.

The post ИТ Индекс: iVote – компанијата која развива системи за модернизација на изборните процеси appeared first on IT.mk.

ИТ Кариера профил: Катерина Трајчевска од Adeva

$
0
0

ИТ Кариера профил е серијал преку кој ќе ја претставиме ИТ заедницата, начинот на работење, функционирање и динамиката на луѓето во ИТ секторот. 


1. Што работиш моментално и кои се твоите одговорности?

Моментално работам како бекенд инженер и консултант со американска компанија, а дел од моите одговорности вклучуваат развој на архитектура и софтверски решенија за нови модули на банкарски систем. Во слободно време се фокусирам на open source проекти кои ги развиваме во Адева, волонтерски активности со WeTalkIT и менторирање на различни локални и онлајн иницијативи.

2. Прати ни фотографија од твојата работна средина (без средување 😃)

3. Од каде научи да програмираш – факс, курсеви, или учење на своја рака?

Самата синтакса и преточување на логиката во код ја усовршував со пракса, постојано учење и следење на нови трендови. Сепак мислам дека тоа беше полесниот дел :) Иако како студент бев убедена дека голем дел од работите ги учиме непотребно, со искуството сфатив дека сето тоа придонело да имам една цврста основа и инженерски пристап кон решавање на проблемите. Така што, мислам дека беше комбинација – факс, работа и константно учење на своја рака.

4. Кои се 5-те сајтови кои најмногу ги посетуваш?

4.1 feedly.com – Feedly е агрегатор за вести кој може да се прилагодува и е супер за брзо прегледување на сите новости што ме интересираат

4.2 medium.com – супер постови за self development и технологија

4.3 stackoverflow.com – ретко кога ми поминува денот без Stackoverflow

4.4 laracasts.com – го викаат Netflix за девелопери и си го заслужува слоганот :)

4.5 goodreads.com – на почеток на годинава си направив предизвик да читам повеќе, па сега Goodreads ми е social media :)

5. Кој е твојот омилен technology stack?

Laravel, MySQL и Apache

6. Омилена алатка/софтвер?

Sublime за кодирање, Еvernote за организација

7. Неколку мудри зборови како совет за оние кои сакаат да започнат со програмирање…

Кодирањето само по себе се совладува лесно и е доволно за работа во голем тим каде одговорностите се поделени и некој друг е задолжен за архитектурата и осмислување на решението. Но, кога треба сами да ја развиете логиката и да направите солидно решение, алгоритамскиот пристап и инженерското размислување се пресудни. Не мислам дека мора да се стекнат со формално образование, но доколку се одлучите за курс или самостојно учење, обрнете дополнително внимание на работите што инаку би ги учеле на факултет (алгоритми, бази и сл.).

8. Неколку мудри зборови како совет за твоите колеги во индустријата…

Креирајте релации со други програмери и ангажирајте се во програмерски заедници. Искуството, информациите и соработката што произлегуваат од таму се непроценливи.

9. Доврши ја реченицата: Иднината на програмирањето е во вештачка интелигенција, mobile first и remote работа.


The post ИТ Кариера профил: Катерина Трајчевска од Adeva appeared first on IT.mk.

ИТ Кариера профил: Игор Кировски од Closer Consulting

$
0
0

ИТ Кариера профил е серијал преку кој ќе ја претставиме ИТ заедницата, начинот на работење, функционирање и динамиката на луѓето во ИТ секторот. 


1. Што работиш моментално и кои се твоите одговорности?

Моментално сум на обука во ИТ компанија која се занимава со BI (Business Intelligence). Работиме напредна аналитика на податоци, нивно зачувување, како и визуелизација на истите.

2. Прати ни фотографија од твојата работна средина (без средување 😃)

3. Од каде научи да програмираш – факс, курсеви, или учење на своја рака?

Би рекол од се’ по малку. Но, секако најмногу од факултет.

4. Кои се 5-те сајтови кои најмногу ги посетуваш?

4.1 Facebook

4.2 YouTube

4.3 Сервисите на ФИНКИ

4.4 Меилови (gmail, outlook, yahoo)

4.5 stackoverflow.com

5. Кој е твојот омилен technology stack?

SQL Server и MS Office.

6. Омилена алатка/софтвер?

Task reminders (пр. SplenDO).

7. Неколку мудри зборови како совет за оние кои сакаат да започнат со програмирање…

Пред се’ би рекол дека е најважно да знаат во кој домен од програмирањето да се определат. Затоа што многу луѓе кои не се вбројуваат во оваа категорија (инженери, програмери), кога ќе се спомне програмирање, размислуваат линеарно, односно мислат дека е една строго дефинирана работа. Тоа е исто како некој да ве праша со што сакате да се занимавате во животот, и вие да му одговорите со економија.
Откако точно ќе се определат кој е нивниот домен, тогаш е најважно да најдат соодветни онлајн курсеви (ги има многу), да се стекнат со основно знаење и потоа да најдат соодветен ментор. На крајот, да читаат многу книги поврзани со нивното избрано поле.

8. Неколку мудри зборови како совет за твоите колеги во индустријата…

Следете го развивањето на технологијата и гледајте да не заостанете. Учете постојано нешто ново и обидете се да предвидите кое поле од ИТ технологијата ќе биде најпросперитетно во иднина.

9. Доврши ја реченицата: Иднината на програмирањето е…

Овде мислам дека не мислиш строго само за програмирањето, затоа што програмирањето е само куцање код и ништо повеќе :). Во таа насока би одговорил, иднината на ИТ индустријата е во AI (artificial intelligence).


The post ИТ Кариера профил: Игор Кировски од Closer Consulting appeared first on IT.mk.


ИТ Индекс: Systems for Enterprise –компанија која развива ентерпрајс решенија за осигурителните компании

$
0
0

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

1. Датум кога официјално започнавте со работа:
Нашиот нулти роденден беше на 31.08.2015 во Скопје и го прославивме со забава во нашите канцеларии во Бардовци.

2. Од кого е основана компанијата?
М-р Стефан Митески кој е комплетен сопственик и управител.

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте:
Започнавме со аутсорсинг услуги на софтверски компании во областа на осигурувањето. Прв производ кој што го имаме сработено е онлајн и мобилна платформа за продажба на осигурување.

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
Двајца, Стефан Митески и Алтај Саид.

5. Колку вработени сте сега?
Во моментов девет, но очекуваме пет нови вработувања во март откако добивме инвестиција за комерцијализација на производ од Фондот за Иновации и Технолошки Развој.

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
Област која што најмногу ни лежи е осигурувањето. Долгорочно работиме на развој на ентерпрајс решение за осигурителните компании каде што целокупниот процес на осигурителната компанијата ќе се одвива во нашиот еко-систем.

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Влегувањето во осигурителниот софтвер има бариера во однос на познавањето на осигурителниот бизнис поради комплексноста на истиот. На светско ниво нема премногу софтверски компании кои се бават со осигурување, а понудените решенија можат да бидат стари и неколку декади. Во последните 3-4 години има наплив на т.н. instech стартапи кои воглавно се фокусирани или на користење на блокчејн во осигурувањето или на отварање на нови канали за продажба. Секоја компанија која што тукушто почнува со развој на ентерпрајс решение има можност да воведе нови технологии и парадигми што го прави софтверот подобар од оние кои што се стари десетици години. Токму тука е нашата вредност. Се стремемиме да бидеме она што беше gmail за hotmail.

Во однос на човечки кадар се трудиме вработените кај нас да се задоволни во секој момент од своето работење. Се трудиме да имаме “гугл” услови и грижа – обезбедени се топли оброци, здрави грицки, места за пријатен одмор и сè на сè, домашна атмосфера во која вработените се чуствуваат како дел од друштво, а не како група соработници.

Нашиот женски тим победи на Скопскиот маратон, организираме планинарски тури, на лето нашето патио во Бардовци претставува сцена за одлични забави, а на зима секогаш се тука мотивациските викенди.

8. Кои се клиентите со кои соработувате?
До сега бевме фокусирани на аутсорсинг за северно-американскиот пазар. Во моментов полека се рефокусираме на создавање на свои продукти и покрај европскиот го отвараме и африканскиот пазар. Најзвучен клиент од домашниот пазар ни е Сава Осгурување, а сме работеле и на бројни помали проекти, вклучувајќи ја и Македонска Берза и хуманитарната апликација за помош при поплавите helpmark.me

9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
Во моментов македонската сцена е фокусирана на аутсорсинг. Аутсорсингот е добар за економијата бидејќи се извезува знаење без да се трошат суровини. Но, тоа е како да се извезува вино во цистерни. Вистинската вредност е во брендираното убаво спакувано вино со приказна. Ни фали создавање на сопствени продукти, а за тоа ни фали и дополнително образование како и поедноставен пристап кон капитал во раните фази на развој т.е. seed инвестиции.

10. Што ќе работи Systems4Enterprise во 2022 година?
Осигурувањето е во суштина претплата на безгрижност. S4E eнтерпрајс решението како и нашиот flagship проект Optimal Reinsurance Management до 2022 ќе се веќе завршени. Тоа сепак не значи дека ние ќе прекинеме да иновираме. Нашата мисија е континуирано да ги правиме осигурителните компании поефикасни и животот за сите побезгрижен.

11. Споделете еден “fun fact” за Вашата компанија.
Ѕирнете го нашиот инстаграм профил. Ние обожаваме да готвиме и секој ден си правиме и јадеме по некој специјалитет :)

Покрај програмирање S4E е и школа за готвење :)

Официјален сајт:
http://systems4enterprise.com/

Systems4Enterprise на друштвени канали:

Facebook / LinkedIn / Instagram

Посетете го профилот на Systems4Enterprise на ИТ Индекс.


Знаеш компанија која треба да ја додадеме на ИТ Индекс? Кликни тука и Предложи компанија.

The post ИТ Индекс: Systems for Enterprise – компанија која развива ентерпрајс решенија за осигурителните компании appeared first on IT.mk.

Интервју со Душко Муртовски од македонскиот стартап Vison Dynamix кој развива технологија за 3Д мапирање

$
0
0

Да бидеме искрени, бројот на стартапи кои работат со хардвер од Македонија е прилично мал. Токму ова, но и супер интересната технологија се причините поради кои разговаравме со Душко Муртовски од македонскиот стартап Vison Dynamix.

Дали може да споделите повеќе податоци за стартапот, колку луѓе сте, колку време работите; кој сѐ е дел, кои се улогите?

Vision Dynamix е spin off компанија формирана во јуни 2016 година. Формирана е со цел развој на платформа за 3Д мапирање во реално време. Идејата дојде после одбраната на мојата магистерска теза која ја обработуваше областа на симултано локализирање и мапирање со единечна камера во реално време. За потребите на магистерскиот труд користев беспилотно летало – дрон. После одбраната, заедно со мојот ментор Проф. Д-р. Миле Станковски заклучивме дека дел од тезата може да се искористи за комерцијализација. Односно креирање на 3Д мапи со дрон во реално време. Овој дел од пазарот воопшто или многу малку е покриен. Решенијата кои се моментално достапни се или многу скапи или не работат во реално време.

Со таа идеја конкуриравме на третиот повик од Фондот за иновации и технолошки развој на Р. Македонија за поддршка на стартап и спиноф компании. Бевме едни од четирите добитници, по што официјалната работа на продуктот ја почнавме во февруари 2017 година.

Во компанијата работиме 5 луѓе, од кои јас и проф. Стакновски сме косопственици. Имаме вработено тројца инженери. И тоа Андреј Георгиевски како софтверски инженер, Столе Јовановски како инженер за системска интеграција и Стефан Златинов како инженер за развој. Сите тројца инженери имаат познавање на повеќе програмски јазици како C, C++ и Python, вградливи компјутерски системи како и широко познавање од хардверски компоненти и интеграција на хардвер и софтвер. Можам да кажам и дека тројцата вработени беа избрани од најдобрите студенти на ФЕИТ и ФИНКИ. Во работата на компaнијата активно учествувам и јас како технички директор, но и во директниот развој, и проф. д-р Миле Станковски како управител и консулттант. За одбележување е дека нашата работа е на ниво на најпрестижните истажувачки институти од оваа област во светот. Нашите инженери ги имаат овие услови за работа овде во Македонија наместо да одат во странство. Мислам дека ова е еден од начините за спречување на одлив на најдобрите во странство.

Како го креиравте тимот? Се познавате од порано или пак се собравте специјално за оваа пригода? Дали беше тешко да се пронајдат луѓе со интерес и познавање на дронови и мапирање?

Јас и професорот Станковски се познававме од порано, од времето кога студирав на Факултетот за електротехника. И секако, потоа тој ми беше ментор за магистерскиот труд. Со другите членови јас не се познавав, се познаваше професорот и ги избравме специјално за оваа пригода. Инаку многу беше тешко да се најдат луѓе со профилот кој ни одговара. Оваа област бара познавање на многу други области, како математика и тоа линеарни трансформации, методи на нелинеарна оптимизација, геометрија од повеќе слики, потоа широкo познавање од компјутерска визија и 3Д графика, многу добро познавање на алгоритми и структури на податоци, како и алгоритми на управување. А, секако тука е и хардверскиот дел, познавање на сензори и актуатори, автопилоти и радио техника и на дроновите во целост. Од вработените се бара не само да ги знаат и да ги разберат овие области, туку теоријата која што ја покриваат да можат да ја реализираат во пракса.

Одовде се гледа дека ова е премногу широка област и вакви луѓе е тешко да се најдат не само кај нас, туку и во странство. Затоа голем дел од времето од годината што помина посветивме на обука на вработените.

Кажете ни повеќе за технологијата која ја развивате. Што овозможува решението? Како фукционира?

Решението овозможува креирање на 3Д мапа од околината и објектите во реално време со помош на дрон. Тоа значи дека имаме дрон кој е опремен со камера и вградлив компјутер како и други потребни сензори. Кога дронот лета, покрај сликата од камерата во исто време, односно, во реално време се креира и 3Д модел од тоа што го гледа камерата. При тоа тежиме точноста на моделот да биде што е можно поголема во однос на реалните димензии на објектот што го мапираме.

Моменталните решенија за креирање на 3Д мапи се поделени во две групи:

Првата група користи техника наречена фотограметрија, односно користи повеќе слики кои посебен софтверски пакет ги обработува и креира некаква 3Д мапа. Оваа техника не рaботи во реално време, односно сликите мора да се симнат од дронот и да се обработат на компјутер. Ова обично трае од неколку часа, па и до неколку денови. Мапата која се добива не е со голема точност.

Втората група користи Лидар односно ласерски скенер монтиран на дрон кој ја скенира околината. Ова е истата технологија која се користи за навигација на автономните возила. Оваа техника е доста прецизна, но е многу скапа за експлоатација во однос на цена на опрема и чинење на работен час.

Нашиот метод би дошол некаде помеѓу претходните два. Односно сакаме да ја добиеме брзината, прецизноста и реално временската компонента како лидар скенерите, меѓутоа цената на експлоатација да биде во рангот на првата група.

Финалниот продукт би бил дрон со соодветна опрема и софтвер. Корисникот на дронот ќе може да направи 3Д мапа додека дронот лета. Операторот на дронот може да мониторира во реално време како се креира мапата и да превземе соодветна акција ако има потреба на пример, да прелета уште еднаш над некој дел ако има грешки или ако сака повеќе детали и прецизност. Со досегашните системи ова не е можно, ако има грешка во мапата мора да се повтори целиот лет.

Кои технологии ги користите за развој?

Развојот е поделен на два дела, развој на софтвер и развој на хардвер. Софтверот го развиваме во користење на C++ и Python програмските јазици. Го користиме и ROS (Robot Operating System) за тестирање на хардер/софтвер интеграцијата. Освен тоа го користиме и OpenCV пекетот за компјутерска висија и OpenGL за 3Д графика. Развојот го правиме на nVidia Jetson вградлив компјутер кој е наменет за користење во возила и беспилотни летала. Од хардверскиот развој фокусот е повеќе на дизајнирање и асемблирање на дрон и монтирање на потребните компоненти, како и дизајн на хадрверот за да одговара на намената.

Дали целото решение се изработува кај вас во стартапот?

Во минатата година изработивме два дрона за тестирање на технологијата. Целиот развој се работи кај нас, од составување на дронот, развој на софтвер и интеграција на хардверот и софтверот.

Бројот на компании кои работат на хардвер во Македонија е мал, а бројот на навистина успешните во ова поле уште помал. Како се решивте да навлезете во развој на оваа технологија која и во светот е реалативно нова?

Не би рекол дека се занимаваме со комплетен развој на хардвер. Поголем дел од потребните делови и компоненти ги набавуваме од странство и кај нас го работиме асемблирањето. Имаме изработено неколку иновативни делови кои може во иднина да влезат во производство. Хардверот кај нас повеќе се користи за тестирање на платформата и за оптимизација на нејзините можности. Во иднина кога ќе го имаме финалниот дизајн на продуктот, би сакале да изработуваме поголем дел од компонентите кои ни требаат. За почеток планираме да почнеме со изработка на носечката рамката или куќиштето за дронот. Другите компоненти како мотори, електроника и управувачи се специфични и само неколку компании во светот можат да си дозволат да ги изработат.

Кои се специфичните предизвици при развој на хардвер од Македонија? Како ги надминувате?

До сега најголем предизвик беше набавката на потребни делови. Бидејќи се работи за специфична технологија, мораме деловите да ги набавуваме од странство. Поради тоа мораме да чекаме прилично долго за потребните компоненти. Освен тоа, за некои компоненти како батерии на пример, треба посебни дозволи за кои има процедура за добивање.

Во кои области понатаму може да се користитат мапите?

Примарните клиенти би ни биле геодетските и градежните компании. Тие имаат потреба од прецизни 3Д мапи кои би ги добиле за релативно кратко време. Освен тоа, системот може да се користи и во многу други области како инспекција на индустриски објекти и постројки, инспекција на мостови и брани, можат да се користи во војска и полиција за набљудување и брзовремено креирање на мапа од некој простор. Исто така може да се користи и во филмската индустија и индустријата за видео игри, бидејки овозможува брзо и точно креирање на 3Д мапи од реални локации кои подоцна можат дополнително да се обработат и да се вклучат во некоја компјутерска игра или филм.

Што е предноста на производот и кој би можел да биде најголем предизвик?

Предноста е како што спомнав претходно што овозможува креирање на високопрецизни 3Д мапи во реално време. Ова колку што нам ни е познато e единствен ваков производ во светски рамки кои ги нуди овие карактеристики. Според тоа, предизвикот не е само да се креира платформата и да се продаде, туку и на некој начин да се креира пазар за ваков тип на производ. Од технички аспект најголем предизвик беше теоријата да се преточи во пракса, односно да го споиме сето знаење од компјутерска визија и управување во софтвер.

Освен тоа, во моментов голем предизвик е и наоѓање на финансии за довршување на продуктот, па затоа во преговори сме со неколку странски инвеститори кои се заинтересирани за учество во продуктот.

Кои се плановиите за во иднина?

Планот ни е секако да го продолжиме развојот, бидејки производот веќе е во финална фаза на развој планираме да почнеме со презентации каде што потенцијалните клиенти би се увериле во можностите на производот. Во исто време сакаме да пристапиме на странскиот пазар, најверојатно преку надворешни консулататти.
Освен тоа сакаме да ја прошириме дејноста на Vision Dynamix со други проекти, но од истата област односно, развој системи за дронови.

Мислам дека ова е многу интересна област која веќе почнува да се актуализра посебно преку развојот на автономните возила. Мислам дека со нашата работа освен бенефит за компанијата, креираме и кадри кои се многу значајни за Р. Македонија бидејки воведуваме научни области кои не биле застапени до сега.

The post Интервју со Душко Муртовски од македонскиот стартап Vison Dynamix кој развива технологија за 3Д мапирање appeared first on IT.mk.

ИТ Кариера профил: Ангел Арнаудов –фриленс програмер

$
0
0

ИТ Кариера профил е серијал преку кој ќе ја претставиме ИТ заедницата, начинот на работење, функционирање и динамиката на луѓето во ИТ секторот. 


1. Што работиш моментално и кои се твоите одговорности?
Моментално работам на еден до два интересни проекти во кои сум одговорен за развојот на апликациите и одржување на базите на податоци. Сите проекти кои се одлучувам да ги работам имаат како основа .net framework и sql server како база на податоци. Моите одговорности се подобрување на софтверот, комуникација со customer support во врска со feedback од корисници, поправање на багови, оптимизација на базата кај што се чуваат податоците и ред други секојдневни обврски. Имам работено на преку 65 проекти во мојата досегашна кариера од 2007 па наваму преку oDesk, Elance и сега последно UpWork.

2. Кои се најголемите предизвици при фриленс работењето и од каде најчесто работиш?
Пред да започнам со full time фриленсинг во 2011 година веќе имав искуство од канцелариско работење, 1 година во Холандија и 4 години во САД. Има доста разлики во работењето канцелариски и како фриленсер. Најчесто работам од дома, но фриленс работењето е доста флексибилно и како вљубеник во патувањата, не сум ограничен да работам постојано од едно место, туку мојата канцеларија си ја носам во мојот ранец :). Кога патувам гледам опција да изберам и некој coworking простор барем неколку дена да бидам дел од канцелариско работење. Сум работел во coworking простор во Њујорк, Сан Франциско, Чикаго, Лос Ангелес и Лондон. Но исто така, преку летото знам да работам и од плажите во Грција. Преку моето хоби, маратонското трчање досега имам посетено доста места низ светот (последно бев во Сингапур и Токио, а следно е маратонот во Бостон во Април), во секое место кај што одам 8-10 часа во денот се резервирани за работа, а останатото е за разгледување на градот. За сите кои што ќе се одлучат да запливат во фриленс водите, треба да бидат спремни на само дисциплина, постојана комуникација со клиентите и константно учење. Само дисциплина е потребна бидејќи клиентот може да биде пример на друг континент и нема директен контакт, туку само по електронски пат, не знае што правиш и само од тебе зависи дали ќе ги испорачаш бараните промени. Постојат рокови за завршување на некоја задача и треба да се запазат тие рокови. Често, почетниците ставаат приоритет на некои други цели и ги оставаат задачите за последниот ден од рокот, надевајќи се дека сепак клиентот ќе има разбирање. Тоа е најчеста причина за добивање на лош фидбек кој кога еднаш ќе биде видлив на платформата може да ги откаже другите потенцијални клиенти да соработуваат со вас. Постојана комуникација е потребна бидејќи се случува од време на време некоја задача да земе повеќе време од планираното. Треба да се информира клиентот дека за таа одредена задача ќе ви биде потребно малку повеќе време, добро е да бидат информирани за напредокот на задачата и кога тоа не оди подмачкано, наместо да им се кажува дека се оди според планираното за кога ќе дојде последниот ден да ги информирате дека се соочувате со проблеми и дека нема да можете да го испорачате барањето на време. Константно учење е потребно бидејќи технологиите се менуваат секојдневно и треба да се пратат последните промени кој колку може во зависност од секојдневните обврски. Постојат доста блогови како и видео лекции каде што може да пратите кои се последните промени во технологиите кои што сте одбрале да ги користите, да ги видите последните текови и да се надоградите.

3. Прати ни фотографија од твојата работна средина (без средување :))

4. Од каде научи да програмираш – факс, курсеви, или учење на своја рака?
Најмногу искуство добив од едногодишниот престој во Холандија преку студентската организација AIESEC. Тоа беше отскочната даска каде прв пат се соочив со притисок на работа, рокови, очекувања од работа. Тоа ме натера да размислам малку поинаку и да излезам од комфорната зона во која се најголем дел од почетниците кај нас. Се после тоа беше напорна работа и учење самостојно за да се напредува со знаењето. Голем хендикеп за студентите кај нас е тоа што компаниите многу тешко се одлучуваат да вработат некој без работно искуство, се надевам дека тоа ќе се смени во блиска иднина. Би им препорачал и на студентите во завршните години на факултет да се одлучат да аплицираат за некоја пракса надвор од Македонија, да не чекаат да завршат прво факултет па потоа да бараат работа/пракса. Никој не ги брза да завршат факултет во рекордно време, потоа да седат дома и да чекаат работа, титулата студент дава далеку поголеми можности за надоградба доколку студентот знае што сака. Програмирањето се учи најлесно преку работа на проекти. Во денешно време, користам и видео курсеви од Pluralsight кога имам време, но најчесто сум преокупиран со работа и гледам викендот да избегам подалеку од компјутерот.

5. Кои се 5-те сајтови кои највеќе ги посетуваш?
5.1 Upwork
5.2 Gmail
5.3 Stack Overflow
5.4 Evernote
5.5 Time.mk

6. Кој е твојот омилен technology stack?
MS technology stack (.NET, SQL Server) во комбинација со Bootstrap и AngularJS/KnockoutJS

7. Омилена алатка/софтвер?
Visual Studio, SQL Server, Notepad++

8. Напиши ни неколку мудри зборови како совет за оние кои сакаат да започнат со програмирање…
Програмирањето е широк поим и постојат неколку групи на технологии кои може да се одберат пред да се започне да се програмира. Мој совет е да не се обидуваат да ги научат сите програмски јазици бидејќи тоа е тешко изводливо. Може да одберат пример Microsoft technology stack, LAMP, MEAN, мобилни апликации или некоја друга комбинација и да ги користат алатките само од тие технологии за да може да станат експерти во таа област и да се пробијат на пазарот.

9. Напиши ни неколку мудри зборови како совет за твоите колеги во индустријата…
Фриленс работењето не е за секого. Фриленсингот бара големи жртви посебно во првите неколку години додека “набилдаш” добар рејтинг на фриленс платформите. Најголем дел од луѓето кои се обидуваат да започнат со фриленсинг додека го разберат самиот модел на работа како фриленсер имаат потешкотии, треба да се знае дека клиентот е на прво место секогаш, треба да бидат флексибилни и да работат и повеќе од што е потребно, само за да се заврши проектот на време. Сум работел и по цел вечер некогаш а неретко мојот работен ден е од 8 сабајле до полноќ кога сме пред реализација на некоја поголема промена. Во последно време бидејќи фриленсингот станува се попопуларен насекаде, посебно е тешко за новите фриленсери да се докажат на пазарот бидејќи и конкуренцијата за проектите за почетници е доста голема, има фриленсери од Индија/Пакистан на пример кои би работеле и за без пари само и само да набилдат позитивен рејтинг на профилот кој потоа е клучен во добивањето на нови проекти. Никогаш не аплицирајте на проекти во кои се вклучени технологии за кои немате познавање а мислите дека ќе ги научете со работа, тоа може само да ви донесе негативни поени. Најдобар дел од фриленсингот е дека вие сами избирате на какви проекти ќе работите, никогаш нема да ви биде досадно и секогаш ќе се стремите да работите на нешто интересно што ќе ве предизика да напредувате во знаењето. Со фриленсингот можностите за заработка и напредување се неограничени се додека има желба кај вас да напредувате и знаете што сакате да ви биде следен чекор.

10. Доврши ја реченицава: Иднината на програмирањето е во Internet of Things. Очекувам се повеќе интернетот да еволуира и да го користиме во секојдневниот живот, не само на компјутер и телефон, туку и во уредите кои ги користиме дома. Вештачката интелигенција ќе се подобри и ќе биде уште повеќе користена од обичниот народ за поедноставување на работите кои ги правиме секојдневно.


The post ИТ Кариера профил: Ангел Арнаудов – фриленс програмер appeared first on IT.mk.

Qpick –нова македонска апликација која ќе ви го олесни купувањето

$
0
0

Пред кратко време се појави нова апликација која се претстави како првата паметна апликација за паметен шопинг. Станува збор за Qpick, дигитална платформа која на корисниците им овозможува наоѓање на промоции и попусти преку мобилна апликација, а на бизнисите кои ја користат ќе им овозможи рекламирање и промоција. Преку Qpick всушност дистрибуирате дигитални флаери до корисниците на апликацијата.

За приказната зад Qpick, од идејата, па до самата реализација, до технологијата позади апликацијата зборувавме со дечките од Qpick.

Кажете ни повеќе за Qpick. Што точно е Qpick? Како функционира?
Qpick е мобилна апликација која на потрошувачите им овозможува лесно и едноставно да ги прелистаат сите локални флаери односно промoции, да ги зачуваат во својот телефон и со помош на GPS технологија да стигнат до локациите каде што се достапни. Ова е нашата прва верзија која е достапна за Android, но позади идејата има нешто повеќе, мисијата на оваа компанија е поголема. Во 2016 година бевме дел од GES+ 2016 во Сан Франциско, каде што имавме можност да презентираме дел од нашите иновативни решенија и да претставиме идеја за шопинг што всушност беше само пола страна текст. На неколку од професорите од Стенфорд каде што се одвиваше самитот, многу им се допадна и не советуваа да почнеме да работиме на истата, бидејќи и самиот сектор на продажбата и шопингот има потреба од многу иновација.

Апликацијата е едноставна, со самото вклучување ја детектира вашата локација и со помош на GPS технологија ви ги покажува сите локални флаери. Исто како на тиндер, со лизгање на лево ја отфрлате промоцијата што не ви се допаѓа, со лизгање на десно ја зачувувате во кошничка и со клик на истата може да видите повеќе за бизнисот кој ја направил достапна. Има алатка која ви дозволува да пребарувате локации, да користите навигација до локациите и секако во овој период спремаме и многу други изненадувања од гледна точка на функции.

Од друга страна во позадина спремаме софтвер за бизнисите кои ќе им овозможи лесно и ефикасно да креираат кампањи со точни координати до правите потрошувачи. Софтверот ќе биде достапен наскоро и официјално ќе ве известиме за лансирањето.

Кој стои зад развојот и решението на апликацијата?
Qpick како идеја е започната од основачите Зоран Настески и Дамјан Димитриоски кои деноноќно во изминатата година работеа на развој на идејата, бизнисот и софтверот под менторство од Дарко Маџоски, кој е наш консултант и најголем подржувач уште од самиот почетокот. Благодарение на сите оние кои не поддржаа во текот на фазата на идеја и тестирање на истата, денеска апликацијата има потенцијал да го освои светот на шопингот и да го смени начинот на кој потрошувачите купуваат.

Денеска тимот на Qpick брои 11 членови, креативци и маркетинг професионалци кои го живеат Qpick деноноќно. Од сабајле до вечер тимот не познава работно време, размислува како да се подобри производот, како да се освои поголема публика и како да не примети светот и да ја препознае нашата иновација. Благодарение на нашиот тим, Qpick се движи со динамика која не мотивира дополнително.

За кого е наменет Qpick? Кои се неговите предности?
Пред се, Qpick е софтверска апликација која им овозможува на потрошувачите лесно да ги прелистаат најновите и најактуелни промоции базирани на локација, да стигнат лесно до локацијата каде што се достапни и како и обичните флаери, наместо да чувате хартија, Qpick ги чува флаерите во вашиот телефон и ве алармира кога сте во близина на продавницата. Со ова им овозможуваме на потрошувачите да заштедат на време и пари, да не се губат во пребарување на интернет и да се ослободат од секојдневни меилови со илјадници промоции. Во позадина се развива и систем кој точно ќе одговара на преференците на потрошувачот и ќе биде пријателски подесен да не досаѓа, да ве води и да ве информира. Се работи на систем со вештачка интелегенција што ќе им служи на потрошувачите како личен шопинг асистент.

Дополнително, за бизнисите Qpick развива серверска технологија која лесно и ефикасно ќе им овозможи да стигнат до правата публика, да им даде точни и едноставни статистики, и лесно да ги постигнат своите таргети. Со едноставно прикачување на дизајнот на веб и неколку клика до телефонот на потрошувачите.

Qpick како компанија е фокусирана на подобрување на искуството на потрошувачите а воедно и олеснување на маркетинг процесите на бизнисите преку технологија.

Како ќе ги мотивирате корисниците да ја инсталираат апликацијата?
Она што ние им го овозможуваме на потрошувачите е ексклузивни промоции од бизнисите регистирани кај нас, поклони, а и дополнително до крајот на годината ќе можат лесно и ефикасно да купат од својот телефон, да добијат поени за купувањето и да ги споделат промоциите со пријателите. Со Qpick, потрошувачите ќе штедат и на време и на пари, а и ќе се забавуваат додека го прават тоа.

Колку време го развивавте продуктот?
Од Јули 2016 до Јули 2017 се работеше деноноќно на развивање на бизнис модел што ќе одговара на софтверското решеније, на дизајни, на прототипи и на бизнис план. Конечно во Септември одлучивме да излеземе од дома и да почнеме со тестирање и финално лансиравме на 14ти февруари.  Добивањето на наградата за најиновативна бизнис идеја на Охридска Банка Социете Генерал ни беше дополнителен поттик да работиме уште понапорно за да креираме нови шопинг искуства за нашите корисници.

Објаснете ни го technology stack-от позади алатката и објаснете ни зошто токму тие технологии ги избравте?
Qpick е склоп на неколку технологии а генерално е базирана на WEB, ANDROID, GPS технологии. Користиме Python / Django како Web Framework кој ни нуди API за сите сервиси кои ги даваме. Дополнително, Python ни нуди rapid prototyping на било кои замисли, и е прилично стабилен и лесен за одржување.

Изборот беше меѓу следниве технологии: Php vs Python vs Node.js vs Ruby.

Python бидејќи ни нуди machine learning out of the box беше главен кандидат. За предниот дел на WEB развојот користиме Angular.JS, а сега за сега мобилната апликација е достапна само на Android.

Како ќе се монетизира сервисот?
Нашиот бизнис модел е отворен за сите со тоа што за потрошувачите апликацијата ќе биде секогаш достапна бесплатно, но исто така и за бизнисите регистрацијата и основниот пакет од 500 дигитални флаери (импресии) е достапна бесплатно секој месец. Доколку бизнисите забележат раст, имаат можност да преминат во некој од нашите бизнис пакети за да можат да стигнат до повеќе публика на регионално и интернационално ниво.

Имате ли веќе некои клиенти? Како се одвиваат првите тестови? Кои се реакциите на првите корисници?
Уште пред да лансираме на Qpick се регистрираа повеќе од 200 бизниси и истата бројка се зголемува секој ден. Генерално првичните реакции на бизнисите се одлични, во моментов сме повеќе фокусирани да стигнеме до повеќе потрошувачи и од истите да добиеме повратни информации за искуството со апликацијата. Активно слушаме што имаат да ни кажат корисниците и деноноќно работиме на подобрување на функциите, поправање на багови и креирање на нови функции. Бројката на downloads расте секојдневно, така што со сигурност можеме да потврдиме дема сме на добар пат  :)

Што е следно што може да го очекуваме од Qpick и вашиот тим?
Qpick има стратегија за иновативни решенија во наредни 5 години но првично ќе се фокусираме на мобилната апликација. Стратегијата вклучува и хардвер како тач излози, гемификација на шопинг искуството, трговски центри базирани на VR, AR и секако AI шопинг асистент. Во наредни 5 години Qpick има план да се вклучи во глобалната стратегија за развој на иновативни решенија за дигитална трговија и маркетинг, за подобрување на искуството на потрошувачите и подобрување на бизнисите преку технологија за да бидат по конкурентни на глобалниот пазар.

The post Qpick – нова македонска апликација која ќе ви го олесни купувањето appeared first on IT.mk.

Израелскиот амбасадор Дан Ориан: „Македонската стартап сцена може многу повеќе“

$
0
0

Овој месец ќе се одржи Биталон, хакатон во кој учесниците ќе се обидат да раскажат приказна.

Приказните кои ќе бидат раскажани се за еврејската заедница во Битола. Учесниците ќе се обидат тоа да го направат преку старите гробишта во Битола, изработувајќи дигитална платформа за посетителите на Паркот на живите.

Вo тимот кој стои зад хакатонот е и израелскиот амбасадор во Македонија, Дан Ориан. Го имавме задоволството да разговараме со него и да дознаеме повеќе за приказната зад Биталон.

Што ве натера да се вклучите во организирањето на хакатонот во Битола? Зошто баш Битола?

Според мене, приказната за евреите во Македонија е од особено значење и постојано барам креативни начини за да ги поврзам новите генерации со трагичната историја на еврејската заедница, истата заедница која за малку ќе беше избришана од светот со холокаустот. Најдобриот начин да се активираат младите умови е преку приказна која се раскажува на нови начини и со нови алатки. Она што ние сакаме е да ја извлечеме старата приказна од книгите и да ѝ дадеме нов живот преку холограми, 3Д и со иновативни елементи кои се доволно силни да предизвикаат вистинска емоција кај младите луѓе. Ваквата модерна сцена бележи постојан раст и не сакам ништо повеќе отколку Израел да си го најде своето примарно место под сенката, преку меѓусебна и несебична соработка. Нема ништо поубаво од здружување сили и комбинирање трудови за да се создаде нов екосистем кој раскажува трагична приказна од исклучително силен информативен карактер.

Кои се вашите очекувања од хакатонот?

Очекувам хакатонот да привлече доволно внимание на македонската млада генерација и да отвори нови можности за креативно раскажување приказна. Се надевам дека ќе се створат продуктивни услови и дијалог за понатамошни партнерства, дисеминации и пријателства кои ќе вродат нови идеи за тоа како да се направи минатото не само повидливо туку и порелевантно за идните генерации. Сум видел какви преубави работи можат да произлезат од вакви настани, како хакатонот во музејската тура за Давид во Ерусалим, и искрено се надевам дека сите ќе можеме да уживаме во подготвеното, а и пријатно да се забавуваме. Она што е сигурно е дека ќе имаме исклучително мека гарнитура за одмарање која, по завршување на хакатонот, ќе ја подариме на лица со посебни потреби во Битола.

Зошто овој е хакатон важен за еврејската заедница?

Хакатонот е важен за сите Eвреи во светот затоа што е дел од мисијата да се раскаже приказна која не е доволно прераскажувана. Важна е за еврејската заедница во Македонија затоа што пушта длабоки корени во историјата на нивните семејства. Точно е дека еврејската заедница во Македонија е многу мала, но токму тоа го прави сево ова уникатно. За малата заедница ова се едни од најважните поглавја во минатото, а вие не можете да имате иднина без сочувување на минатото.

Што ќе извлечат победниците од посетата на Ерусалим? До која мера таквата посета би била и од образовна природа?

Победниците ќе ја имаат ексклузивната можност да ја посетат стартап нацијата. Преку запознавање со клучните лица во водечката индустрија на стартапи, победниците ќе можат да чујат бројни приказни за подеми и падови, како и да посетат најразлични компании, инкубатори и акцелератори. Нормално, ќе имаат и време за туризам и рекреативни активности, во земја која е исклучително стара, но крајно флексибилна во поглед на иновација и имплементација на најновите технологии.

Кое е вашето мислење за стартап климата во Македонија и како се разликува од стартап сцената во Израел?

Забележувам забрзано напредување на ова поле, но сметам дека Македонија може многу повеќе. Очигледни се бројните организации, но и послабиот прилив од финансиски средства. Токму поради тоа, се надевам дека ќе може да се воспостави одреден баланс помеѓу овие две работи и дека резултатот од таквото нешто ќе биде прекрасен. Веќе имам поддржано неколку активности и активно сум вклучен во некои други, со силна верба дека заеднички можеме чуда да правиме.

Од сите проекти што досега сум ги работел, од организирање концерти и претстави, преку чистење стари еврејски гробишта, па се до пишување книги, хакатонот е единственото нешто што ми остава впечаток на нешто целосно ново и различно. Навистина сум возбуден и искрено се надевам дека ќе биде огромен успех. Последен пат кога се чувствував вака беше кога се објави мојата прва книга за деца.

Ако сакате да успеете морате од време на време да размислувате надвор од кутијата. Јас се обидувам да го правам тоа, но како дипломат, тоа некогаш не е прифатливо.

The post Израелскиот амбасадор Дан Ориан: „Македонската стартап сцена може многу повеќе“ appeared first on IT.mk.

Viewing all 294 articles
Browse latest View live